субота, 07. јануар 2012.

ВИЦOВИ - 4



1. Две плавуши разговараат: 
- Ти што мислиш, живее ли некој под земјата ? 
- Ех што си глупа, па ти што мислиш, кој ги бои морковите ?  

2. Цеце му вели на Пеце: 
- Пеце кога бев мал имав талент да станам ватерполист. 
- Епа зошто не си станал ватерполист? 
- Па никогаш не научив да пливам.  

 

3. Седи мува на рог на вол. Доаѓа друга мува и ја прашува: 
- Што правиш? 
- Ќути ма, не пречи, не гледаш ли дека ораме!  



4. Иде зајко у бурекџилница: 
- Имате бурек со моркови? 
- Не. 
Утредента еве ти го зајко пак:
- Добар ден, бурек со моркови дали имате? 
- Не бре! 
И така неколку дена по ред и на бурекџијава му скиснува и конечно прави една пита - бурек со

моркови. Доаѓа зајко: 
- Здраво, бурек со моркови? 
- Имаме бе зајко!!!   
И зајко: - Нели е бљак?



5. Си седеле две птици во гнездо. Одеднаш над нив прелетала една ракета. Едната од птиците се чудила и рекла: 
- Ауууууу,ама е брза оваа птица!   
А другата и одговорила: 
- Ех, па и ти би била брза кога би ти горел газот!  



6. Летаат два комарци околу пијаница. 
- Ајде, касни го - му вели едниот на другиот. 
- А не, фала, не пијам додека возам  .



7. Како зајак му се заканува на снешко? 
- Морков или фен!