ВИЦОВИ - 8
1. Што и треба на плавуша да претрча 100 метри?
- Компас и карта.
2. Се возеле интелектуалец и плавуша во воз. На интелектуалецот му било досадно, па ја прашал плавушата дали би сакала да играат една игра:
- „Ке си поставуваме прашања, ти ако не знаеш ми даваш едно евро, а јас ако не знам ти давам 50“. Плавушата се согласила.
Интелектуалецот: Кој ја напишал Војна и мир?
Плавушата: Блаже Конески.
Интелектуалецот: Не е точно. Дај ми едно евро.
Плавушата: Што е ова: два се клати, три се тресе?
Интелектуалецот: Незнам еве ти 50 евра. И што е?
Плавушата: Незнам, еве ти едно евро!
3. Збунета и загрижена плавуша и кажува на пријателката:
- „ Ахх треба да се најдам со дечко ми, ама не се сеќавам дали беше во 8:30 или во 3:80.“
4. Излегуваат две плавуши од автомобил, ја затрескуваат вратата така да таа се заклучува, а клучевите остануваат внатре. И после им требало два часа да ја ослободат другарката која останала заклучена во колата.
5. Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол. Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет. Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата. Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива. Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара: - Замолчи!!! Tи си следниот!
6. Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
- Слушна ли, се удавила летото на море?
- Како?
- Паднала од кејот во водата.
- Таа нели знаеше да плива?
- Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.
7. Се нашле две плавуши и едната и вика на другата:
- Да не имаш случајно лепак за глувци?
- Што, да не ти се дупна глушецот?
Нема коментара:
Постави коментар