недеља, 20. новембар 2011.

ВИЦОВИ - 2



1. Отишол човек на лекар и се враќа дома тажен. Жената го прашува што се случило, а тој: 
- Бев на лекар, ме прегледа и ми даде да пијам таблети. Ми рече дека морам да ги пијам до крајот на животот.Жената не разбира што има лошо во тоа, а мажот:
- Ми даде само три.



2. Се уште не сте научиле да пливате, госпоѓице?
- Не, не можам...Замислете, треба да се држи затворена устата!


3. Трпе ја отклучува влезната врата од домот тивко, влегува на прсти и наеднаш пред него скокнува жена му.
- Кај си ти до сега пијаничиште едно, три саат по полноќ е, нели ти е срам да се прибираш дома во ова време.- му се развикала таа.
- Еј еј, полека, не викај, не се прибирам во ова време... дојдов само да ја земам гитарата.



4. Перо го прашува Трпе како го воспитува својот син:
- Трпе, како го воспитуваш син ти, со ќотек или преку разговор?
- Преку разговор нормално, не сме мајмуни ние.
- А ќотек не? Никогаш?
- Па добро, понекогаш и ќотек, ама само во самоодбрана.



5. Влегува една жена во продавница и и` вели на продавачката:
- Сакам да купам кравата за сопругот, некоја што ќе ги истакне неговите очи.
- Госпоѓо, секоја кравата ги истакнува очите на мажот, само треба да ја затегнете добро.- одговорила продавачката.



6. Се јавува човек што дтка во полиција и вели:
- Попопополиција? 
- Да, полиција. 
- Кококошките на комшијата ми сметаат да спијам? 
- Колку ги има? ...-100. 
- Па ибркај ги - му велат од полицијата. 
- Па ииизззбркав 90 но ооосстанатите ми сссметаат.
- Па избркај ги и тие. 
- Изззбркав 9 но тоа што осстттана пак ми ссссмета. 
- Па отерај го и тоа во .......... 
- Па му ввииккам иди у пипипипи-и сите кокошки се вратија.



7. Се шета полицаец по улица и лиже сладолед. 
Го здогледало дете па го прашува:
- Чичко, чичко, ќе ми дадеш еден гриз? 
- Не е тоа гриз дете, тоа е сладолед.

Нема коментара:

Постави коментар