недеља, 14. јул 2013.

ВИЦОВИ 15



1.
Синот на Трпе на крајот на годината ја
носи дома книшката со оценки.
Внатре сите единици, само една двојка
по музичко.
Кога татко му ги видел оценките,му врзал
еден шамар и му рекол:
- Страм да ти е барабо една, толкави
единици, а тебе ти е до пеење!


2.

Абе, што си таков во окото?
- Инфекција од мислење…
- Како бе од мислење?
- Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепелникот.


3.

- Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно.
А Трпе и вика:
- Учителке, надвор ќе биде ладно и ако го затворам прозорот.



4.

- Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
- Па едно 4,5  метри.
- Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!



5.

Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!



6.

Наставникот по историја: Како се викале луѓето кои се бореле со животни и војници за забава на римјаните?
Поткажувачите потшепнуваат: ГЛАДИЈАТОРИ!
Ученикот што одговара: Радијатори!



7.

Ало во програма сте на радио Холидеј повелете.
Алоо ме слушате ?
Да повелете.
Сите ме слушат ?
Да госпоѓо сите.
И по продавницине ?
ДА !
Перо не купувај млеко мајка ти купила!