Сказна…
Магарето му рекло на тигарот:
- Тревата е сина.
Тигарот одговорил:
- Не,тревата е зелена!
Избувнала кавга и двајцата отишле кај лавот , кралот на шумата , да го реши овој проблем.
Уште не стигнале до местото во шумата каде што седел лавот на неговиот престол и магарето од далеку почнало да вика:
- Ваше Височество, нели тревата е сина?
Лавот одговорил:
-Така е,тревата е сина.
Магарето пресреќно, рекло:
-Тигарот не се согласува со мене, ми противречи, се кара и ме нервира, те молам казни го.
Кралот на животните рекол :
-Тигарот е казнет со 5 години молчење.
- Магарето цело пресреќно си заминало скокајќи и викајќи:
-Тревата е сина,тревата е сина..
Тигарот ја прифатил казната и го прашал лавот:
- Височество тревата е зелена, нели?
- Да,се согласувам,тревата е навистина зелена.
- Тигарот изненаден го прашува:
- Па зошто тогаш ме казнивте?
Лавот одговорил:
- Не е важно дали тревата е сина или зелена, казната ти е 5 години молчење,заради тоа што такво храбро и интелигентно животно како тебе губи време да се расправа со магариња,па и да дојде на суд кај мене за такво прашање. Најлошо е да губиш време да се расправаш со будала и неук, на кој не му е ни гајле за вистината, туку само за победа на неговите верувања и илузии.