субота, 31. децембар 2011.

ВИЦОВИ - 3



1. Наставник: Последна клупа на табла! 
Ученик: А со клупата и столчињата ли да ги донесеме?  



2. Одат татко и син на пазар и синот го прашува таткото: 
- Тато, тато, што се овие?
- Модри сливи сине
- А зошто се црвени?
- Оти се зелени сине 



3. Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:  
-  Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.

 

4. Некоја девојка ја фатила на златната рипка и рипката и рекла:  
- Ако ме пуштиш ке ти исполнам една желба.
Девојката се согласила и ја пуштила на рипката.
- Ајде сега кажи ја твојата желба.
- Па сакам да сум вечно млада и убава.
И рипката ја претворила во кукла.



5. Една свиња ја прашува другата:
- Што ќе бидеш ти кога ќе пораснеш?
- Па, се мислам меѓу виршла и печеница.



6. Влегува човек во болница и гледа доктори и сестри тепаат   еден пациент.
- Ееееј што правите! 
- Абе три месеци го лечиме од жутица а тој тек денес ни вика  дека е кинез.



7. Во морето среќно си пливаат сардини кога наеднаш пред нив се појавува подморница. Малите сардинчиња уплашени се скриле позади мајка им:
- Не плашете се,тоа се само луѓе во конзерва!