Приказивање постова са ознаком Аида Петровска. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Аида Петровска. Прикажи све постове

петак, 24. јануар 2014.

ВИЦОВИ 50



1. На факултет за теологија идни попови полагале испит.
Излегол еден од студентите, а колегата го прашал:
- Што полагаше?
- Крштевка…
- И што направи?
- Ништо, не положив.
- Што ти падна?
- Бебето! 

2. Сообраќаец сопрел некој возач кој му бил сомнителен...
- Дувнете овде ве молам - му вели на возачот, подавајќи му балон за алко - тест.  
- Не можам, имам астма, еве лекарско уверение...  - Тогаш ќе морате да дојдете со мене во станица за да ви земеме крв. 
- Не може ни тоа, имам хемофилија.  
- Ајде тогаш одете по белава линија десетина чекори.  - Не можам, пијан сум. 

3. Едно утро една жена се јавува кај другарка и:
- Ало, добро утро! Стана?
- Станав.
- Стана?
- Станав бе.
- Стана ми треба!

4. Додека сите си ги фалеле производите, една од продавачките на пазарчето викала:
- Чернобилско овошје, чернобилско овошје!
Поминала некоја жена…и зачудено ја прашала:
- Како така викаш? Кој ќе ти ги купи јаболките!?
Продавачката задоволно одговорила:
- Ааа, си купуваат, си купуваат… Кој за снаата, кој за зетот, кој за свекрвата… Купуваат.

5. Финале на светско првенство во фудбал. Целиот стадион распродаден уште пред 5 месеци, а Трпе седи до празно место. Приоѓа некој и со чудење го прашува Трпе.
- Абе, дечки кој будала не дошол да го гледа финалево?
- Тука требаше да седи жена ми, ама бог да ја прости умре, и така...
- Па не можеше да ја дадеш картата на некој роднина или пријател?
- Не бе, сите се на погреб!

6. Се јавува водител на ТВ лотарија:
- Дали е тоа Мујо?
- Да!
- Вие сте вистински среќник. Ќе заработите десет илјади евра ако   одговорите со НЕ на моето прво прашање:
- Дали сте подготвени?
- Да!


7. Учителката кара некое дете : - Абе остај го фудбалот, учи малку математика... 
Колку е 2:2 ? 
- Нерешено.

субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 20



1.           По неколку години во брак, Перо многу се здебелил, па вагата одела далку над стотка. Еден ден Маре го пратила кај докторот. Тој го изгледал од глава до пети и вртејќи со главата, проговорил:
- Ех бе Перо, добро си се угоил. Еве што ќе правиме: мора да јадеш десет декаграми спанаќ, две тврдо варени јајца, чаша јогурт, пет декаграми посно сирење и интегрален леб.
Перо послушно климнал со главата и прашал:
- Добро докторе. Само кажете ми дали ова треба да го земам пред или по јадење?



2.           Разговараат црнкиња, бринеат и плавуша за патување на друга планета. Цркињата: Јас ќе бидам првата црнкиња на Месечината! Бринетата: А јас ќе бидам првата бринета на Венера! Плавушата: Јас пак, ќе бидам првата плавуша на Сонцето! Црнкињата: Како бе? Па ќе изгориш! Плавушата: Аааа не … јас ќе одам навечер!



3.           Малиот Ивица бил на час по веронаука. Учителката им рекла: - Сите што сакаат да одат на небото нека дигнат рака. Сите дигнале рака освен Ивица. Учителката го прашала: - Зар ти Ивица не сакаш да одиш на небото? А Ивица одговорил: -  Мене мама ми рече после веронаука одма да одам дома.



4.           Отишол Перо во веце да обави нужда и се напнува: - Ууух, ааах, оооф … Во тој момент снемало струја. - Помош! Помагајте луѓе! - Што се дереш бе? – го прашува Мара отворајќи ја вратата. - Уф, добро е. Јас помислив дека ми испаднаа очите.



5.           Полемизирале Англичанецот, Германецот и Македонецот која држава прва имала телефони.
- Ние копавме и на 50 метра најдовме телефонски жици стари по сто години. – рекол Англичанецот.
- Не е ништо тоа! Ние копавме и дури на 100 метра најдовме жици стари по 150 години. – се изјаснил Германецот.
Последен добил збор Македонецот:
- Е ние копавме и копавме и копавме и ништо. Значи, ние од секогаш сме имале мобилни!



6.           По еден месец поминат во кома, се буди Перо и ја гледа Мара расплакана како седи покрај креветот.
- Маро, дојди поблиску да ти кажам нешто.
Мара пресреќна го прашала:
- Перо, драги, кажи ми што е.
- Се сеќаваш ли кога ме избркаа од работа, сите ми се смееја, а само ти беше покрај мене?
- Се сеќавам.
- А се сеќаваш ли кога тргнав во приватен бизнис и пропаднав, а ти повторно беше поркај мене?
- Се сеќавам.
- А се сеќаваш ли кога имав сообраќајка и ти 10 дена не излезе од болница, цело време беше со мене?
- И на тоа се сеќавам.
- И сега повторно си покрај мене. Е јас Маро сфатив едно нешто.
- Што тоа драги?
- Ти си ми Маро баксуз!



7.           Перо и Блажо биле на работа во Германија и еден ден поштарот им донел каталог од „Victoria’s Secret“, па тие почнале да го листаат. Девојките во каталогот која од која поубава, па им потекле лиги. Блажо прв прокоментирал:
- Види бе Перо колку добри девојки има во каталогов.
- А види ја цената – живо џабе се. – потврдил Перо.
- Абе јас би нарачал една.
- Па ај нарачај ми и мене една. Еве оваа што е само со гаќички … најевтина е.
По една недела Блажо го прашува Перо:
- Перо братче стигнаа девојките што ги нарачавме од каталогот?
Перо задоволно се поднасмевнал и рекол:
- Не се сеќирај Блажо, облеката им стигна, значи дека и они кај и да е ќе бидат тука.