1.
По
неколку години во брак, Перо многу се здебелил, па вагата одела далку над
стотка. Еден ден Маре го пратила кај докторот. Тој го изгледал од глава до пети
и вртејќи со главата, проговорил:
- Ех бе Перо, добро си се угоил. Еве што ќе правиме: мора да јадеш десет декаграми спанаќ, две тврдо варени јајца, чаша јогурт, пет декаграми посно сирење и интегрален леб.
Перо послушно климнал со главата и прашал:
- Добро докторе. Само кажете ми дали ова треба да го земам пред или по јадење?

2.
Разговараат
црнкиња, бринеат и плавуша за патување на друга планета. Цркињата: Јас ќе бидам
првата црнкиња на Месечината! Бринетата: А јас ќе бидам првата бринета на
Венера! Плавушата: Јас пак, ќе бидам првата плавуша на Сонцето! Црнкињата: Како
бе? Па ќе изгориш! Плавушата: Аааа не … јас ќе одам навечер!
3.
Малиот
Ивица бил на час по веронаука. Учителката им рекла: - Сите што сакаат да одат
на небото нека дигнат рака. Сите дигнале рака освен Ивица. Учителката го
прашала: - Зар ти Ивица не сакаш да одиш на небото? А Ивица одговорил: -
Мене мама ми рече после веронаука одма да одам дома.
4.
Отишол
Перо во веце да обави нужда и се напнува: - Ууух, ааах, оооф … Во тој момент
снемало струја. - Помош! Помагајте луѓе! - Што се дереш бе? – го прашува Мара
отворајќи ја вратата. - Уф, добро е. Јас помислив дека ми испаднаа очите.
5.
Полемизирале
Англичанецот, Германецот и Македонецот која држава прва имала телефони.
- Ние копавме и на 50 метра најдовме телефонски жици стари по сто години. – рекол Англичанецот.
- Не е ништо тоа! Ние копавме и дури на 100 метра најдовме жици стари по 150 години. – се изјаснил Германецот.
Последен добил збор Македонецот:
- Е ние копавме и копавме и копавме и ништо. Значи, ние од секогаш сме имале мобилни!

6.
По
еден месец поминат во кома, се буди Перо и ја гледа Мара расплакана како седи
покрај креветот.
- Маро, дојди поблиску да ти кажам нешто.
Мара пресреќна го прашала:
- Перо, драги, кажи ми што е.
- Се сеќаваш ли кога ме избркаа од работа, сите ми се смееја, а само ти беше покрај мене?
- Се сеќавам.
- А се сеќаваш ли кога тргнав во приватен бизнис и пропаднав, а ти повторно беше поркај мене?
- Се сеќавам.
- А се сеќаваш ли кога имав сообраќајка и ти 10 дена не излезе од болница, цело време беше со мене?
- И на тоа се сеќавам.
- И сега повторно си покрај мене. Е јас Маро сфатив едно нешто.
- Што тоа драги?
- Ти си ми Маро баксуз!

7.
Перо
и Блажо биле на работа во Германија и еден ден поштарот им донел каталог од
„Victoria’s Secret“, па тие почнале да го листаат. Девојките во каталогот која
од која поубава, па им потекле лиги. Блажо прв прокоментирал:
- Види бе Перо колку добри девојки има во каталогов.
- А види ја цената – живо џабе се. – потврдил Перо.
- Абе јас би нарачал една.
- Па ај нарачај ми и мене една. Еве оваа што е само со гаќички … најевтина е.
По една недела Блажо го прашува Перо:
- Перо братче стигнаа девојките што ги нарачавме од каталогот?
Перо задоволно се поднасмевнал и рекол:
- Не се сеќирај Блажо, облеката им стигна, значи дека и они кај и да е ќе бидат тука.

Нема коментара:
Постави коментар