петак, 24. јануар 2014.

ВИЦОВИ 47



1. Учителката го прашала ученикот:
- Дали кажа дома дека доби едница?
- Кажав и тоа два пати!
- И што кажаа твоите на тоа?
- Ништо, не беа дома!

2. Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:
Кој те истепа така бе?

Жена ми
А зошто?

Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина
.

3. Плавуша полагала за возачка дозвола. Следниот ден ја сретнал комшијата и ја прашува:
- И, како? Положи ли?
- Не знам, членот од комисијата е сеуште во болница.
4.Трпе го запира полиција. Гледа во колата нема километражник, па го рашува Трпе како знае колку вози?
Види вака, кога возам 40 ауспухот тропа, кога возам 60 задната десна врата тропа, а кога возам 100 Трпана вреска!

5. Две баби разговараат:
- Колку тежиш?
- 70 килограми со се очилата.
- А без нив?
- Без нив не можам да ја видам вагата.

6. - Ало! Здраво! Со кого зборувам?
- Со продавницата за обувки.
- О,извинете сум го згрешил бројот.
- Нема проблем, дојдете ќе ги смениме, само носете си ја фискалната сметка.

7. Наставничката:
- Кога викам бев убава, тоа е минато време, а кога ќе кажам убава сум, тоа е?
- Лага, наставничке.

Нема коментара:

Постави коментар