субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 23


1.           Влегува Перо во полициска станица, се клати, несигурен на своите нозе и доаѓа до дежурниот полицаец. Му се внесува во лицето и мумла:
- Другар, јас би сакал да пријавам губење.
Полицаецот се повлекол и збунето го прашал:
- Што сте изгубиле?
Перо и понатаму се клати и едвај изговара:
- Жена ми … Мира.
Полицаецот станал сериозен, земал тевтер и почнал да запишува:
- Доообро. Кажете ми кога ја снема вашата Мира?
- Па пред десет дена.
Полицаецот малку се зачудил па го прашал Перо:
- Добро бре човеку, жена ви ја нема десет дена, а вие дури сега пријавувате. Каде бевте до сега?
Перо се насмевнал и одговорил:
- Па славев со пријателите во кафана.



2.           Фатил Перо златна рипка, па рипкава му вели: -  Пушти ме и ќе ти исполнам 3 желби. Перо се мисли, па и вели: - Ајде океј, сакам добра кола! - А сакаш на лизинг или во ќеш да ја платиш? Перо нервозен ѝ одговара: - А ти сакаш на маст или на зејтин да бидеш?



3.           Некој свештеник се вози со автомобил и наидува на мртво магаре. Се јавува во полиција и вели:
- Овде е свештеникот, имате едно мртво магаре на патот, па се јавив за да го тргнете, некој да не се удри во него.
Полицаецот сакал да се нашали, па го прашал свештеникот:
- А оче, му отчитавте ли молитва?
Свештеникот му одговорил:
- Не, еве сега. Прво сакав да ги известам роднините.



4.           Три часот наутро. Некој ѕвони на врата. Отвара маж: - Еј, кој сте вие? - Лопови! - И што сакате? - Знаеме дека имате злато! - А колку ви треба? Многу? - 100 килограми. - А може ли 105? - Зошто да не, дајте 105! - Маро злато станувај, дојдоа по тебе!



5.           Крадец провалил во некоја куќа и почне да краде. Одеднаш слушнал некој глас:
- Исус те гледа.
Крадецот се завртел, видел дека нема никој околу него и продолжил да краде. По неколку секунди повторно го слуша истиот глас:
- Исус те гледа.
Кога погледнал малку поубаво околу себе, забележал папагал во кафез, па го прашал:
- Кој си ти?
- Мојсеј.
Крадецот се насмеал и го прашал папагалот:
- Па кој е толку глупав да си го крсти папагалот Мојсеј?
- Истиот тој што на доберманот му дал име Исус. – одговара папагалот.



6.           Блажо го прашува шефот: - Шефе, може ли денеска порано да ме пуштиш, да ѝ помогнам на Мара, чисти, прави генералка? - Не може бе Блажо. - Браво бе шефе! Знаев дека можам да се потпрам на вас!



7.           Ристо го прашува Блажо: - Блажо, кои жени повеќе ги сакаш: оние што многу зборат или оние другите? - Кои други бе Ристо?

Нема коментара:

Постави коментар