четвртак, 23. јануар 2014.

ВИЦОВИ 44


1.  - Ало, водовод ли е тоа?
- Да?
- Од чешмата ми тече вода!
- Е вие што очекувавте?
- Па, како што ја гледам сметката, нешто како Heineken.


2. - Aло, дали е тоа советувалиштето за алкохоличари?
- Да,повелете,како можеме да ви помогнеме?
- Ќе може да ми кажете како се прави Мохито?


3. Имал Трпе пролив па отишол на лекар. Арно ама овој по грешка му дал апчиња за смирување.
По два дена го среќава лекарот Трпе и го прашува како му е.
- Абе добро. Се уште имам пролив, ама баш ми е гајле.


4. Еден ден додека Трпана се враќала од прошетка го видела Трпе како и праќа бакнежи. Таа се стрчала, влегла дома, се качила горе и го гушнала Трпе. Тој се зачудил и ја прашал:
- Де, мори Трпано, што ти стана што вака ме гушкаш?
- Па нели ми праќаше бакнежи кога бев на сокакот?
- Ах, мори глупачо, една, јас си ги плукав рацете да го избришам прозорот.


5. Полицаец застанува плавуша и и вели:
- Возачката, ве молам.
- Немам господине.
- Тогаш ќе те казнам тебе.
И полицаецот и пишува казна, а плавушата му вика:
- Ама господине, не носам пари.
- Тогаш најпаметно е да се договориме некако.
- Е што ќе се договориме паметно, јас плавуша ти полицаец.


6. Влегуваа плавуша во продавница и прашува:
- Имате очила?
- За сонце?
- Не, за мене.


7. Две плавуши седат на автобуска. Влегуваат во автобус и едната го прашува шоферот:
- Може ли да одам со овој автобус до Битола?
- Нажалост, не може. – одговорил шоферот.
Втората плавуша се уфрлила во муабет:
- А јас може ли?

Нема коментара:

Постави коментар