субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 22



1.           Вторник, 7 часот наутро. Во автобусот гужва. Наеднаш меѓу сите тие луѓе се слуша гласот на Перо: - Доктор! Има ли овде доктор? Од другата страна на автобусот се јавува некој човек и почнува да се пробива кон Перо: - Еве ме! Конечно докторот се пробил до Перо, а овој му вели: - Кажи болест на грлото со шест букви.

2.           Некоја жена доживеала инфаркт и додека била во состојба на клиничка смрт го сретнала Господ и го прашала:
- Боже, па дали е ова крајот на мојот живот?
- Не е. Ти треба да живееш уште 35 години.
Набрго потоа жената се опоравила и решила својот живот да го направи поубав и поинтересен. Почнала да работи на себе, ставила силикони, отишла на липосукција, ги зголемила усните, направила нова фризура …
По неколку дена ја згазил камион и ја усмртил. Повторно се нашла кај Господ и го прашала:
- Зошто дозволи да умрам? Нели ми вети уште 35 години живот?
- Е де, не те познав.

3.           Некоја плавуша отишла на логорување со извидничко друштво и добила задача да запали логорски оган. Ги земала чкорчињата и почнала да ги пали, ама ниту едно не сакало да се запали. Дошол водичот и ја прашал: - Еј, гледам дека имаш некој проблем со чкорчињава. Што е работата? А плавушата одговорила: - Абе не знам што им е. Дома ги пробав и сите работеа.

4.           Седат лавот и волот во кафуле, па на лавот му заѕвонил телефонот:
- Да драга, веднаш доаѓам. – рекол лавот, ја допил пијачката и му рекол на волот дека мора да си оди.
Волот му се насмевнал и му рекол:
- Па мојана мене вака да ми се јави, ја нема ни да се појавам дома.
А лавот му вратил:
- Те разбирам, ама сфати, ти си оженет со крава, а јас со лавица.

5.           Плавушата повторно оди во земјоделска аптека и вели: - Добар ден. Ми треба спреј против мушички. Продавачот и понудил два спреја: - Овој чини 100 денари и убива околу 1000 мушички, а овој е 50 денари и убива околу 500 мушички. Плавушата тргнала да си оди, а продавачот ја прашал: - Па каде одите? - Да ги избројам мушичките. – одговорила плавушата.

6.           Се оженил синот и дома ја довел новата снаа. Првото утро свекрвата и снаата пијат кафе, а свекрвата вели:
- Да ти кажам уште на почеток – јас секое утро си станувам, седнувам да пијам кафе и ако закачам каранфил на левото уво не ми се обраќај и не ме прашувај ништо бидејќи сум многу лута и нервозна. Ако каранфилот е на десна страна, добра сум.
- А јас  секое утро си станувам – продолжува снаата – се туширам, дрмам две-три ракии и ич не ми е гајле на која страна ти е каранфилот.

7.           Отишол циго во трафика и побарал среќка која завршува на бројот 64. Продавачот зачудено го прашал:
- Мора баш 64?!
- Мора! – одговорил циго.
Продавачот се распретал и конечно нашол таква среќка. По неколку дена циго добил голема премија и се обогатил. Отишол во трафиката и му дал на продавачот 2000 евра за тоа што се потрудил.
- Не треба, само кажи ми како знаеше дека добитната комбинација завршува баш на 64.
- Сонував сон. Прекрасна плажа, а по неа трчаат 7 бели коњи, а на нив јаваат 7 прекрасни девојки.
- Добро и?!
- Е, па помножи де!

Нема коментара:

Постави коментар