субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 24



1.           Мара му се жали на Блажо: - Блажо бе, кога се гледам во огледало гледам остарена жена, со брчи и целулит, градите ми висат … Кажи ми нешто да ме развеселиш. А Блажо ја сослушува и ѝ одговара: - Маро, гледаш како сокол!



2.           Се јавува тип во радио и вика: - Добар ден, дали ме слушате? - Да, ве слушаме. – вели водителот. - Ама сите ме слушаат? - Да, сите ве слушаат. Типов упорен: - А во продавниците ме слушаат ли? - Да господине и во продавниците ве слушаат. - Океј тогаш, Марко, сине, не купувај млеко, мајка ти купила.



3.           На врата на небото стои еден многу лут човек и урла:
- Па што се случува? Што барам јас тука? Видете ме! Имам 35 години, не пушам, не пијам, вчера рано си легнав, а сега сум овде пред вас. Ова мора да е некоја грешка! Ве молам да проверите!
- До сега никогаш не ни се случила грешка! – одговорил свети Петар. – Но, ќе проверам. Како се викате?
- Митре Ставрев.
- Со што се занимавате?
- Јас сум автомеханичар.
- Ах, да, еве, ве најдов. Митре Ставрев, автомеханичар. Епа господине Ставрев, според нашите податоци вие сте умреле од старост.
- Од старост? Невозможно! Па имам само 35 години!
- Не знам. – одговара свети Петар. – Ги собравме сите работини часови кои сте им ги пресметале на вашите муштерии и излезе дека сте живееле 123 години.



4.           Оди Мара во слаткарница и прашува: - Имате ли торта, ама едната кора да и е малце загорена? - Аман бе, што ќе ти е таква? - Па за да мисли Блажо дека јас сум ја правела.



5.           Блажо и Мара одат на 20-годишнината од матурата на Мара. Еден од присутните цело време ги празнел чашите, па Блажо ја прашал Мара:
- Маро, го знаеш ли човеков?
- Е како да не го знам, дечко ми беше пет години. Од како се скаравме почна да пие и од тогаш нема престанато.
По овој одговор Блажо ја прашал Мара:
- Е аман бе Маро, па уште ли слави?



6.           Се поплавила канализацијата, па мајсторот и чиракот од „Комуналец“ отишле да ја поправат.
Мајсторот скокнал во шахтата и до гради влегол во измет, па му викнал на чиракот:
- Дете, дај папагајка! Гледај и учи!
Се пикнал мајсторот до гуша и пак му вика на чиракот:
- Дете, дај клуч 18-ка!.
Повторно нурнал и ја поправил. Кога излегол, се избришал и го посоветувал малиот:
- Дете, учи занает, зашто цел живот вака ќе подаваш клучеви.



7.           Две студентки, цимерки, за вечера решиле да пржат виршли. Едната студентка ги земала виршлите и почнала да им отсекува по едно парченце од краевите и да ги става во тавчето.
Другата зачудено ја прашала:
- Зошто им ги сечеш краевите?
- Не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.
За викенд девојката си отишла дома и ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?
- Не знам, баба ти секогаш така ги прави.
Девојката се јавува кај баба за да ја праша.
- Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.
Девојката отишла да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.
- Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?
- Аман бе дете, па уште ли немате купено поголема тава?!

Нема коментара:

Постави коментар