субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 33



1.   Малиот комарец се враќа дома после првиот, пробен лет. - Како беше сине? - го прашува мајка му.
- Фантастично мамо! Сите ми ракоплескаа.



2.   Оди плавуша по улица и сретнува некоја жена, па и вика: - Боже, Тања, ти ли си? Леле колку си се променила од средно, едвај те познав.
- Ама, јас не се викам Тања.
- Кул, дури и името си го сменила.



3.   Зборуваат две плавуши: - Оваа година Нова Година е во петок, вели првата. - Само да не биде Петок 13, одговара втората.



4.   Плавуша пазарува во земјоделска аптека.
- Ве молам дајте ми семе за птици!
продавачот: - А колку птици имате?
плавуша: - Ниедна, али сакам да засадам неколку!



5.   Си биле две крави и едната рекла:
- MuUuUuUu,
а другата и рекла :
-
Ми го зема зборот од уста мори.



6.   Учителката: Зошто доцниш Игорче? Игорче: Изгубив пет денари. Учителката: А зошто пак ти доцниш Кирче? Кирче: Јас стоев на нив.



7.   Оди Пеце на уписи, по пат го сретнува Марко и му вика. - Kаде бе Пеце? - Eве да упишам факултет.- На кој бе Пеце? - На технолошки - И што ке бидеш кога ќе завршиш? - Технолошки вишок!



Нема коментара:

Постави коментар