1.
Некој
сообраќаец запира возило кое поминало на црвено. Таман да побара документи, го
видел внатре неговиот шеф: - Добар ден шефе. - Што бе добар ден идиоту! Зошто
ме запираш? - Па, шефе, поминавте на црвено светло. - По шо има веска? Не
гледаш дека се брзам? - Абе гледам шефе, ама ќе помине некоја будала на зелено
и ќе ве лупне.
2.
Седат
Далај Лама и Перо покрај некоја река и ловат. Молчат, ловат и по некое време
Далај Лама ја кажал својата позната мисла:
- Животот е река!
Молчат и натаму и ловат, па по два часа се огласил Перо:
- Ма каков живот река бе, живот се жени, скара, ладно пиво, мезе, ракија!
Потоа продолжиле да молчат, а по два часа повторно проговорил Далај Лама.
- Стварно бе. А јас па цел живот мислев дека животот е река.

3.
Отишла
плавуша во село, сретнала овчар па го прашала: - Колку години има овцава? - Две
години. – одговорил овчарот. - А како знаете дека има две години? - Па според
роговите. - Ах да, два рога има.
4.
Седнале
Перо и Блажо во кафана и после неколку ракии почнале да прават муабет за
годишен одмор. Перо прв се пофалил дека минатото лето бил на Јадран, а Блажо
фраерски му одговорил:
- Ех Перо Перо, јас кај сè не сум бил … Хаваи, Сејшели, Бора Бора, Австралија …Перо восхитено го гледа и го прашува:
- И? Каде на друго место? Блажо се подразмислил, па одговорил:
- Е, да, не сум бил ни во Јапонија, Америка ...

5.
Перо
се обложил со Блажо дека човекот кај кого ги бојадисувал ѕидовите во станот има
златна веце школка. Блажо, логично, не верувал:
- Ма ајде бре, од кај златна школка во веце?
- Е ајде дојди со мене кај човекот, па ќе видиш!
Отишле во Скопје за Блажо да се увери. Доаѓаат пред куќата и ѕвонат на вратата. Се отворила вратата и им отворила жената на сопственикот. Перо почнал да се претставува:
- Добар ден госпоѓо. Јас сум Перо, а ова е мојот другар Блажо. Пред неколку дена ви ја бојадисувавав куќата и приметив дека имате златна веце школка, па ако може да му ја покажам на Блажо за да се увери дека не го лажам.
Жената запрепастено се издрала:
- Душооо, еве ти го овој што ти се посра во саксофонот!

6.
Седи
Перица пред зграда и плаче. Проаѓа некоја жена и го прашува: - Дете, зошто
плачеш? - Тато се удри со чекан по прст. - А зошто ти плачеш кога тој се удрил?
- Епа на почетокот се смеев…
7.
Перо
и Блажо работеле во Америка како перачи на прозори на облакодери. Стигнале до
стотиот спрат, а Перо вели:
- Абе Блажо, го утнавме 99-ти. Не ги исчистивме таму.
- И?! Што ќе правиме сега?!
На Перо му дошла идеја:
- Па ајде бидејќи ти имаш трегери на панталоните, јас ќе те држам за нив, а ти ќе се клацкаш доле и нема да мора ни да мрдаш со рацете.
Се согласил Блажо и после некое време додека висел почнал да се смее. Перо го прашал:
- Што се смееш ко зелен во ваква опасна ситуација ба?
- Абе ми текна како ќе те залепат по нос трегериве ако ми се откачат!

Нема коментара:
Постави коментар