субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 37





1.   Некој скржавец за Нова година оди кај комшијата и му вика:
- Утревечер, точно во 00:00 ќе пукаш. Еве ти пиштол. Ќе платам колку што треба.
- Добро, ама зошто?
- Моја работа.
Во 00:00 комшијата испукал што испукал, а скржавецот им рекол на своите деца:
- Их, деца, чувте ли! Го убија Дедо Мраз! Аш подароци!

2.   Што е музичар?
Човек кој товари опрема вредна 1.500 евра во кола од 500 евра и вози 200 километри за да стигне на свирка од 50 евра.


3.   Тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал:
- Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? - Магарето цело потресено му одговорило:
- Па, ти си тигре, нормално.
Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил:
- Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува:
- Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а?
Слонот го фатил тигарот со сурлата околу вратот, го кренал и гп треснал два пати од земја, го свиткал како топка и го акнал од дрво. Се соземал тигарот, па зашеметен искоментирал:
- Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.

4.   Дете не сакало да заспие, па мајката му се обраќа на таткото:
- Може ќе заспие ако му запеам нешто?
- Еј, не! Пробај прво со добро.

5.   Трпана го прашува малиот Трпе:
- Сине, како помина на тестот по математика?
- Добро.
- Што ќе добиеш?
- Најверојатно неоправдан.

6.   Двајца пијаници ќутук пијани, седат во паркот и си прават муабет:
- Слушај ваму, сега ова шишево ќе го скријам зад грб, а ти да погодиш во коа рака е?
- Ако погодиш, уште ќе пиеме, ако не, прекинуваме со пиењето.
- Во левата рака е.
- Морее, размисли убаво бре!

7.   Една плавуша си го продава автмобилот. Пријателката ја прашува:
Уште ли не го продаде автомобилот?
Не...
А колку километри има поминато?
Околу 250.000.
Е сега ми е јасно зошто не можеш да го продадеш. Имам еден пријател кој може да ти го врати бројачот на 80.000 километри.
По некој месец истата пријателка ја сретнува плавушата како го вози истиот автомобил.
Уште ли не го продаде автомобилот?
Па не сум будала да го продавам. Има поминато само 80.000 километри

Нема коментара:

Постави коментар