субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 19



1.           Професор прашува студент по медицина: - Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена? - Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето. - Аха. А јас имам ли голем стомак? - Да. - Имам пеги по лицето? - Да. - Е, па, кога ќе чуеш дека сум се породил, дојди да ти напишам шеска.



2.           Учителката на своите ученици им ја објаснува штетноста на алкохолот со практичен пример. Земала глиста и ја ставила во чаша вода, а таа почнала да плива. Потоа ја ставила во ракија – умрела. - Каков е заклучокот, деца? - Па тоа значи дека мора да пиеме ракија за да не фатиме глисти.



3.           Две плавуши полагале испит. По завршување на испитот, едната плавуша ја прашува другата: - Еј, како помина, напиша ли нешто? - Не, ништо не знаев. - И јас исто. - Лелеее … сега ќе си помислат дека сме препишувале!



4.           Перо се жали на неговите пријатели: - Леле што ми се случи пред некој ден… забележувам во автобус дека околу мене се вртка еден крадец. Ја стави едната рака во мојот десен џеб, па во левиот, после тоа посегна кон задниот џеб… а мене ми падна незгодно, немав скршен денар во мене.



5.           Лето, 40 степени под сенка. Зајко седи под една бука и остри еден колец. Проаѓа волкот:
- Зајко, зајко, што правиш?
- Го острам колецот за да го убијам медо.
Си мисли волкот „Јаден зајко, топлово го удрило во глава.“. Проаѓа лисицата:
- Зајко, зајко, што правиш?
- Го острам колецот за да го убијам медо.
Си мисли лиска „Јаден зајко, полудел од жештинава.“. Проаѓа медо:
- Зајко, зајко, што праиш?
- Еве бе го острам колецов и тропам глупости.



6.           Одлучил Перо да ја батали мачката па ја спакувал во багажник, ја однел во соседниот кварт и таму ја оставил. Мачката, нормално, веднаш се вратила дома.Следниот ден Перо ја однел мачката на другиот крај од градот, но мачката повторно се вратила дома. Се налутил Перо и решил да ја остави мачката во некоја шума далку од градот. Ја однел до таму, ја оставил, но на враќање се изгубил. По некое време и се јавил на Мара на мобилен:
- Маро, стигна мачката?
- Да.
- Дај ми ја малце на телефон.



7.           Двајца пијаници пијат во некоја кафеана и откако кафеаната затворила, едниот понал да плаче.
- Зошто плачаш? – го прашува другиот.
- Абе сега кога ќе си дојдам дома, ќе ги соблечам тивко чевлите, тивко ќе влезам во станот и жена ми ќе се разбоди и ќе почне да ми се дере.
- Епа послушај го мојот совет. Јас кога си доаѓам дома, ја отворам вратата со нога и се дерам: „Жено, ајде да водиме љубов!“, а таа веднаш се преправа дека спие.

Нема коментара:

Постави коментар