1.
Се
шета Перо низ Скопје и го гледа Тарзан како се подготвува да рипне од Камени
Мост, па му вели:
- Немој да рипаш. Доле има многу школки.
- Па јас сум Тарзан, крал на сите животни и не се плашам ни од лавови, ни од тигри, па ни од тие ваши школки.
Го рекол тоа Тарзан и скокнал, при тоа правејќи двојно салто во воздух. Го немало 5 минути, а потоа излегол од вода целиот крвав. Малку зашеметен, го прашал Перо:
- Добро бре какви школки имате вие таму доле?
А Перо му одговорил:
- Па има две од Фиќо, една од 101 и една од Лада.

2.
Си
доаѓа Трпе мртов пијан доцна навечер и одеднаш се слуша силно „БУМ!“.
Трпана од сон срипува и прашува: - Трпе, што е тоа што падна? - Капутот Трпано,
капутот! - Е како може капутот толку силно да тропне? - Па јас бев во него!
3.
Цветко
отишол на скокање со падобран, но кога дошол неговиот ред, му рекол на
капетанот:
- Капетане, јас не смеам да скокам.
- Зошто?
- Па тетка ми синоќа ми гледаше на кафе и ми кажа дека падобранот нема да ми се отвори.
- Ма, глупости! Еве, ќе си ги замениме падобраните.
И така тие си ги замениле падобраните. Цветко скокнал, ја повлекол рачката и падобранот се отворил. Во тој момент крај него пролетал капетанот и се слушнало викање:
- Цветкооо, да ти ја е*ам теткатааа!

4.
Во
полициска станица командирот ги собрал полицајците и им се обраќа: - Заради
добрата работа која ја завршивте, сакам да ве наградам сите со по еден рачен
часовник. Часовникот е водоотпорен и со него може да се бањате. После
некое време се јавува еден полицаец и вика: - А извинете, како се пушта топла
вода?
5.
На
приемниот испит на ликовната академија, пред кадидатите биле поставени три
слики: 1. изгорен леб 2. удавен човек 3. трудна жена Задачата била да се
пронајдат само два збора кои се карактеристични за сите три слики. Испитот го
положила само една девојка со голем стомак која напишала: - Касно изваден.
6.
Го
поканиле Блажо да ги отвори Олимписките игри. Пратен од телевизиски камери и
бројни новинари тој полека застанал зад говорницата. Извадил лист со текст од
говорот, се закашлал и почнал:
- Ооооооооооо!
Публиката воодушевено возвраќа со дигнати раце:
- Ооооооооооо!
Блажо повторно проговорил:
- Оооо…Ооооо!
Публиката повторно вратила:
- Оооо…Ооооо!
Тогаш следниот соговорник го потчикнал Блажо со лактот и му шепнал:
- Читај го тоа доле, ова горе се олимписките кругови.

7.
Блажо
отворил аптека, и еден ден му рекол на Трајче да го замени половина час
за да руча. Се враќа и го прашува: - Трајче, дојде ли некој
муштерија? - Да бе, Ристо комшијата беше. - И што сакаше? - Па имал многу
јака настинка, многу кивал. - И ти шо му даде? - Епа рицинус бе
Блажо. - Каков рицинус бе, па тоа не е за кивање бе! - Епа ај
сега нека се искива да го видам.
Нема коментара:
Постави коментар