субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 26



1. Наставничката по македонски јазик го прашувa Јонче:
- Кажи Јонче што се прилози?
Јонче: - Прилози се: кечап, мајонез, кромид, салата.....



2. Седи Трпе во кафeана и пишува SMS на Трпана.
- Ќе го допијам пивото и доаѓам за 20 минути. Ако ме нема, прочитај ја пораката уште еднаш.



3. Фатил Трпе златна рипка и она му вели:
- Пушти ме ќе ти исполнам една желба.
- Само една?
- Да, само една.
- Желбата ми е да фатам златна рипка што исполнува три желби.



4. Перица ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто цар Соломон бил толку мудар?
- Бидејќи имал 300 жени кои му давалe совети.



5. Ало , баба Рада , на син ми многу му се слаби оценките.
- Стап од  дрен, три пати на ден по газот.



6. Доаѓа човек кај фризер:
- Добар ден, може ли едно стрижење?
- Може. Како сакате?
- Па вака. Од едната страна остави ми дупка голема колку една шака, а до другата 3-4 помали дупчиња. Одзади опашките да ми бидат нерамни, а шишките да бидат закосени и изретчени.
- Па не знам дали ќе знам така да ве истрижам.
- А kako минатиот пат знаеше,ааа.... ?



7. Учителката:
- Перица, вчера ти не беше на училиште?
- Баба е болна.
- Секој пат кога нема да дојдеш на училиште, баба ти е болна.
Не верувам во тоа.
- Да учителке, и ние мислиме дека баба глуми!

Нема коментара:

Постави коментар