субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 27



1. Две русокоси пијат во некој бар и коментираат:
Погледни ги те молам тие двете од лево.
Да, да, грозни, страшни, барем малку да се средеа, да заличеа на жени.
Види ја онаа каква е во косата, а другана чевлите...
Барменот не можел да издржи и им рекол:
Девојки извинете што ви се мешам во разговорот, ама лево од вас се огледалата.



2.Трпана му вика на Трпе:
- Мажу зошто држиш две диети?
- Затоа што едната не ме најадува!



3. Единствена причина зошто Кристофер Колумбо можел да ја открие Америка е дека: не бил ЖЕНЕТ! Да бил оженет, Колумбо ќе требал да се справи со следново:
- А зошто мора баш ти да одиш?
- А зошто не пратат некој друг? Што си ти?
- Тебе се ти е тркалезно! Дали си ти глуп или луд?
- Уште моите не ги знаеш а ти би да откриеш нов свет!
- Што криеш? Не ни знаеш каде одиш!
- А што, на брод само машки ќе бидете? Ма немој!
- А зошто не можам и јас да дојдам, ако си ти шеф таму? Мене никогаш не ме земаш на патувања!
- Стоко, не знаеш веќе што да измислиш само дома да не си!
- Ако излезеш од врата јас си одам кај мајка ми!
- А која е таа Марија? Што сака она? Девојче а? Цркни... педофил еден!
- Се си испланирал, бесрамник! Си се договорил со тие к***ите индијански.
- Не можеш мене да ме измамиш!
- Што? Кралицата ќе го продаде својот накит за ти да можеш да патуваш? Што мислиш дека јас сум глупача? Што има меѓу тебе и таа старката?
- Не ти давам никаде да одиш! Секогаш нешто смислуваш само за да ме оставиш сама!
- Ништо нема да се случи ако светот и понатаму е рамен.
- Немој да се облекуваш, затоа што ти НЕ ОДИШ!!!



4. Шест причини зошто компјутерите мора да се од женски род :
1. Штом набавите еден, некој друг и подобар се наоѓа веднаш „Зад аголот“.
2. Внатрешната логика не ја рабира никој друг освен креаторот.
3. Дури и најмалите грешки се внесуваат во меморијата.
4. Матичниот јазик што компјутерите го користат за меѓусебна комуникација не го разбира никој друг.
5. Пораката „Bad command or file name„ (Погрешна команда или ме на фајл) е информативна колку и исказот: „Ако не знаеш зошто ти се лутам, јас сигурно нема да ти кажам“.
6. Штом се приврзете кон еден компјутер, половина од вашата плата ќе ја трошите за да купувате додатна опрема.



5. Си доаѓа мажот дома целиот измачкан со шминка и разбушавен. Жена му го гледа сомничаво и го прашува:
- Што ти се случи?
- Жено! Нема да веруваш! Се степав со кловн.



6. Дете не сакало да заспие, па мајката му се обраќа на таткото:
- Може ќе заспие ако му запеам нешто?
- Еј, не! Пробај прво со добро.



7. Го прашува Трале Трпе:
- Што би направил кога жена ти би ја нападнал лав?
Трпе:
- Сам ја нападнал, сам нека се брани! Што има да се секирам за некој си таму лав!

Нема коментара:

Постави коментар