субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 32


1. Учителката му вели на малиот Трпе утре да дојде со дедо му. - Зошто учителке баш со дедо ми? - Па да му кажам дека син му ги греши сите домашни! 

2. Малиот Трпе го прашува татко му: - Тато, тато, стварно ли е тивок Тихиот Океан? - Сине, можеш ли да поставиш поглупо прашање? - Можам тато! Кога умре Мртвото море?

3. Се караат две соседки:- Се надевам ќе го продадете кучето, ќерка ми вчера не можеше да го заврши часот по пеење, зошто вашето куче цело време завиваше!- Извенете, ама вашата ќерка прва започна!
 
4. Професор прашува студент по медицина:  - Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?  - Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето. - Аха. А јас имам ли голем стомак  - Да  - Имам пеги по лицето  - Да  - Е, па, кога ќе чуеш дека сум се породил, дојди да ти напишам  шеска.


5. Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла: - Почекај малку! А трите желби?   Диџејот воздивнал и рекол: - Добро! Кажи кои песни сакаш!  
 
6. Трпе бил на сафари, се вратил дома и во локалната кооперација им се фали на пријателите.- Како сум си поминал да знаете, убив еден слон, три лава и 10 ноплизи.- Трпе, што се тоа ноплизи? 
- прашува еден пријател.
- Ма едни малечки црни, само трчаат наоколу и викаат „но плиз, но плиз“...

7. Разговараат двајца пријатели:
- Жена ми има многу лоша навика во последно време. Се буди секоја вечер во 2 сабајле.
- И што прави после?
 - Ме чека да си дојдам дома.

Нема коментара:

Постави коментар