петак, 24. јануар 2014.

ВИЦОВИ 51




1. Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
- Како изгледаше човекот?
- Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!


2.Трпе и Трпана разговараат:
- Драга, знам дека не ти се иди во театар во стар фустан.
- Баш убаво што се сети на тоа, драги.
- Да, затоа зедов само една карта.


3. Едното братче близначе му вели на своето братче:
- Ајде бе, кај си цел ден, мама два пати ме бања.


4. Си бил еден пијаница. Едно утро налетал на човек што правел склекови во паркот. Пијаницава застанал, почнал да се врти околу него, го гледа од сите страни, и на крајот не додржал, му рекол:
- Дечко, не ти се мешам во врската, ама мислам дека девојката ти киднала.


5. Под бандера навечер Трпе бара нешто. Доаѓа Кире и прашува:
- Што бараш бе?
- Клучот. Помагај ако сакаш.
Барале двајцата 15 мин. и на крај Кире прашува:
- Добро бе, кај точно го изгуби?
- Еее, онаму.
- Па што не го бараш таму?
- Нема светло таму.


6. Влегува пијаница во такси и вика:
- Вози на железничка станица.
- Па, веќе сме на железничка станица.
- Еве ти пари и друг пат немој толку брзо да возиш.


7. Му оди инспекција во некоја фабрика и прашуваат
- Колку луѓе работат во оваа фабрика?
И му кажуваат кога е шефот тука работат 29.
- А без шефот??
- Е без шефот не работи никој.

Нема коментара:

Постави коментар