субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 31


1. Дежурниот ги буди заспаните Црногорци:
- Добро утро, јунаци.
 - Aјде да почнеме со вежбите: горе-доле, горе-доле, горе-доле, ајде сега со другото око.

2. Зошто само 10% од жените одат во рајот? Кога би оделе повеќе, тоа би бил пекол.
3. Пливкаат две рипчиња во аквариумот и едната ја прашува другата: - Што мислиш, постои ли Бог? - Нормално дека постои, што мислиш кој ни менува вода и ни  фрла храна во аквариумов секој ден? 

4. Дедото комарец им зборува на своите внуци комарци: - Ех, вие не знаете колку сте среќни! Во мое време девојка  можев  да каснам само по лицето или на раката.   

5. Се наредиле животните пред кафеаната во шумата и чекале  да отворат. По некое време зајакот скокајќи стигнал прв. Лавот го фатил за опашката го фрлил на крајот на редот и му рекол: - Нема да поминеш! Зајакот станал и повторно скокајќи стигнал прв. Лавот пак го фатил за опашката и го фрлил на крајот на редот. ... - Нема да поминеш! Зајакот пак станува се истресува и скокајќи пак оди напред. Лавот повторно го фаќа за опашката и го фрла на крајот. Зајакот станува нервозно и вели: - Ако уште еднаш еднаш ме фрлите, нема да ја отворам кафеаната!   

6. Си биле две крави и си праеле моабет. едната и вика на другата: - си чула ма ти за кравјо лудило?  
а другата вика: - што ми е гајле јас сум авион.   

7. Жабата гледа крап како се пече на сонцето и го прашува:
- Што правиш тука?
- Чекам некој рибар да дојде.
- Зошто, да не си уморен од животот?
- Не, се договоривме со крокодилот, јас сум мамка

8. Учителката го прашува малиот Трпе:
   - Кој ти ја напиша домашната задача?
     А на ова Трпе и одговара:
  - Не знам учителке, морав рано да си легнам.

Нема коментара:

Постави коментар