субота, 11. јануар 2014.

ВИЦОВИ 28



1. Почитувани,
Син ви доби единица. За да ве поврземе со директорот притиснете 1. За да ве поврземе со предметниот наставник притиснете 2. За да го поправите испратете СТАРТ на 123 45 и одберете ја оценката што сакате да ја има. Тарифите зависат од оцената, а надоместокот ќе биде превземен од сметката на наставникот кој се дрзнал да ја напише единицата . За да напишете навредлив коментар за наставникот притиснете * имате 160 бесплатни карактери.



2. Каква жена би сакал да имаш?
- Паранормална.
- Зошто паранормална?
- Да има пари и да е нормална.



3. Ќерката: Мамо , дај пари за кафе.
Мајката: Абе седи дома , ја ќе ти сварам.



4. За време на венчавката попот прашува:
- Ако некој има нешто против овој брак нека каже сега или вечно да ќути!
Се јавува некој тивок глас:
- Јас имам!
Попот:
- Ќути бе, ти си младоженецот.



5. Блондинка, која за прв пат патува со авион, оди во пилотската кабина и го прашува пилотот:
- Зошто така се тресе авионот?
- Бидејќи навлезе во зона со силна турбуленција.
- А ако откаже моторот?
- Не е проблем, ќе летаме со останатите три.
- А ако падне уште една молња?
- Остануваат 2 здрави мотори.
- А ако падне трета?
- Нели има еден здрав, ќе летаме со него до најблискиот аеродром.
- А ако и на последниот мотор падне молња?
- Ќе ставиме резервен мотор и со него слетуваме.
- А ако и резервниот го погоди молња?
- Ќе ставиме друг резервен ...
- И каде ќе ги најдете толку резервни мотори? - продолжува таа.
- Каде ли? Па, од истото место, откаде што Вие зедовте толку молњи...



6. Трите мечки седнуваат да вечераат.
Мечокот: Некој јадел од мојата чинија.
Мечето: Некој јадел и од мојата чинија.
Мечката: Ај не тресете глупости, уште ви немам ставено.



7. Дечко: Срце, ќе се чекамо куде споменик у Скопје!
Девојка: А куде кој споменик?
Дечко: Ако ни е судено ќе се најдемо!

Нема коментара:

Постави коментар