недеља, 29. јул 2012.

ВИЦОВИ - 14


1.
Трпе го тепа синот, го криши од ќотек, од страна пука сеир комшијата ама од љубопитност му вика: Добро бе Трпе зошто толку го тепаш? 
Трпе: Абе утре ги земаат оценките,а јас сум на пат.
 
2.
Наставничката го кара малиот Трпе:
- Трпе, не е убаво да се тепаш, треба да научиш да даваш и да земаш!
- Така и правам наставничке, им давам боксови на децата и им ја земам ужинката.

3.
Си бил малиот Трпе. Одел на училиште и наставничката го гледа цел потечен во устата и му вели:
Шо ти е бе Трпе?
- Абе ми застана пчела на устата.
И шо ти се случи? Да не те касна?
- Не бе, татко ми ја утепа со лопатата!

4.
Двајца студенти прават муабет:
-Ќе одиме на кафе или ќе
одиме на предавање?
-Ајде ќе фрламе паричка, ако
остане во воздух одиме на
предавање.

5.
Цветко оди на железничка станица и вика:
- Дајте ми повратна карта.
- До каде?
- Како до каде? Па до овде.

6.
Малиот Трпе и се жали на Трпана:
- Мамо, знаеш дека не сакам кашкавал со дупки!
- Сине, ако не сакаш кашкавал со дупки, не ги јади дупките, изеди го само кашкавалот.

7.
Судијата му вели на обвинениот:
- Господине, должност ви била најдениот паричник веднаш да го однесете во најбилската полициска станица.
- Знам господине судија, но кога го најдов паричникот беше недела и во станицата немаше никого.
- А зошто тоа не го сторивте во понеделникот?
- Па, тогаш во паричникот немаше ништо…

среда, 25. јул 2012.

ВИЦОВИ - 13


1.
На физичар, програмер и математичар им била дадена задача да најдат колку би требало најмалку да биде долго едно јаже за да опфати едно произволно стадо овци со n број членови. Физичарот почнал да пресметува како да ги намести овците во совршен круг, програмерот почнал да прави алгоритам со полигони.. Математичарот мислел неколку секунди, земал едно јаже, го обиколил околу себе, и кажал: "Јас сум надвор."

2.
Се возат проект менаџер, комјутерски програмер и компјутерски оператор по пат и им се дупнала гумата. Тројцата се обидуваат да го решат проблемот: Проект менаџерот вика:
- Ајде да земеме такси и за 10 минути сме до скааната дестинација.
Компјутерскиот програмер вика:
- Ајде да го прочитаме упатството: Можам да ја сменам гумата и продолжиме со возење.
Компјутерскиот оператор вика:
- Најпрвин, да го изгаснеме моторот, да го заплиме повторно. Може тоа ќе ги реши проблемите.
Наеднаш, се појавува Microsoft софтверски инженер и вика:
- Пробајте да ги затворите сите прозорци, излезете од колата, пак влезете во колата и пробајте повторно.

3.
Му се јавува една госпоѓа на својот електричар крајно изнервирана , мајсторе ми ветивте дека денес ќе дојдете да ми го поправите ѕвончето но не дојдовте . Електричарот и вели на ова дојдов госпоѓо и ѕвонев десет минути но вие не ми отворавте .

4.
Учителката го прашува Иванчо:
- Колку е 5+10?
- Не знам, учителке.
- Лесно е. Замисли си дека во едниот џеб имаш 5 денари а во другиот 10. Значи?
- Значи сум облекол туѓи панталони!

5.
Перо отишол на бербер, па го прашуваат: - Како сакаш да се пострижеш? - Бесплатно!

6.
Оди Цветко во сендвичара и им вика:
- Имам само 50 денари, што ми препорачувате?
И типов му одговара:
- Некоја друга сендвичара!

7.
Пеце го прашува Трпе:
- Што е подобро, да си глупав или да си келав?
- Да си глупав!
- E зошто глупав?
- Па затоа што не се гледа!

недеља, 22. јул 2012.

ВИЦОВИ - 12


1.
Зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

2.
Разговараат две плавуши:
- Да видиш што сум открила, ја гледаш онаа коцка на ѕидот? Притисни ја. (се пали светло).
- Како си открила такво нешто, то е феноменално откритие.
- Ма не тоа, притисни пак (се гаси светлото).
- Па каде исчезна?
- Е тоа сум открила. Го отвора фрижидерот и вели:
- Еве го овде.

3.
Се поплавила канализацијата и дошол мајсторот со својот калфа да ја поправи. Ја отворил,влегол во неа а таа била полна со гом*а. Му рекол на калфата: Подај ми клуч 15,тој му подал. После неколку минути рекол: Подај ми клуч 17,тој повторно му подал. Откако ја направил,излегол цел со гом*а и му рекол на калфата: Учи,мали,учи,или цел живот ке подаваш клучеви.

4.
Седат две плавуши во сендвичара, јадат хамбургери и едната и вели на другата:
Сакаш бел или црвен кечап?

5.
Човек во ресторан нарачува супа. Му ја носи келнерот и човекот извикува:
- Келнер, има мува во мојата супа!
- Не се секирајте,пајакот од лебот ќе ја улови

6.
Две плавуши разговараат: Абе знаеш каде е Африка?
Незнам точно ама изгледан не е далеку, во фирмата на мажот ми работи еден црнец и секој ден на работа доаѓа со точак, па би требало да е блиску.

7.
Разговараат две плавуши, едната и вика на другата: Вчера направив тест за бременост!
Другата уплашено и вика: Леле, и тешки беа прашањата?

петак, 20. јул 2012.

ВИЦОВИ - 11


1.
Малиот Трпе и вика на Трпана:
- Мамо, мамо, имам добра и лоша вест!
- Ајде сине прво добрата.
- Добив 5 по физика.
- Конечно, ајде сега лошата.
- Лажам!

2.
Разговараат две жени.
- Ти уствари колку години имаше?
- 25!
- Е ај не ме лажи, лани ми кажа исто дека имаш 25!
- Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!

 
3.
Некои две баби секој ден биле на болница. Ама еден ден едната баба оди на болница и гледа дека и ја нема другарката и се исшокирала и прашта до кај неа да види што е работата. Оди до кај неа и ја гледа и ја прашува:
- ''Добро мори Трајанке оти не беше денеска на болница?''
- "Ќути нешто не ми беше арно" и вика другата...

4.
- Море мажу, ми вети ќе се вратиш во 10, а сега е 1 по полноќ ...
- Па 10 е мори жено .... ?!?!?!?!
- Како да не, сатот сега одчука 1...
- Е па шо сакаш, и нулата да ти ја одчука ?

5.
Трпе се враќа дома весел.
- Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
- Браво, а на која фирма?
- На Цементара.

6.
Биле Мујо и Хасо во некој хотел и преку ноќ комарците ги направиле лом. Се пожалиле тие на рецепција, а овие ги прашале дали ги оставиле светлата запалени.
- Да, рекол Мујо
- Епа требаше да ги изгаснете!
Следната вечер легнале Мујо и Хасо и ете ти неколку светулки во собата. Мујо свикал:
- Да бегаме Хасо, еве ги идат со батерии!

7.
Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти
ќе му испуни жељу.И кумановац кажаја :
- Ауди Q7
- Сакаш на кредит или на лизинг ?
- А ти сакаш на зејтин или на маст?

ВИЦОВИ - 10


1.
Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!

2.
Се сретнале Трајче и Панче
- Кај си бе ? Шо има ново ?
- Абе отидов до лотаријата и земав грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата!
- Стварно?
- Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.

3.
Човек сака да изнајми стан, приметил некои валканици на ѕидот и прашува:
Од што е извалкан ѕидот?
Па овде живееше еден хемичар и правеше екстрмни експерименти.
Аха значи ова се некои хемикалии?
Не! Тоа е ХЕМИЧАРОТ !!!

4.
Го прашуваат Цветко:
- Замисли дека си во џунгла и до тебе има тигар
кој сака да те изеде, што би направил?
- Би престанал да замислувам.

 
5.
Таткото го заспива својот син:
-Мирно спиј злато за ништо не грижи се,
ако во текот на ноќта ти притреба нешто,
само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.

6.
Википедија: Јас знам се!
Гугл: Јас пронаоѓам се!
Интернет: Без мене не можете!
Струја: Навистина?!

7.
Корисник се јавува на сервисерот за компјутери и му го кажува проблемот.
Сервисерот - А, имаш ли икони на десктопот?
Корисникот - Да!
Сервисерот - Е, па моли се.

ВИЦОВИ - 9




1. Си биле две овци и едната и вели на другата:
- Кај си бееее?
A другата и одговара:
- Еве мееее.



2. Влегува мечокот во дневната соба, гледа накај масата и вика:
- Еј, некој јадел од мојот тањир!
Влегува малото мече во дневната и тоа вика:
- Некој јадел и од мојот тањир.
Влегува мечката во дневната и вика:
- Ај доста дробите, не сум ви турила уште.



3. Цветко оди кај Трпе на гости и му носи чоколадо. Трпе му вика:
- Фала, фала, не си требал.
- Нема везе, и онака му е истечен рокот.



4. Заглавил Цветко во кафеана мортус пијан.
Му приоѓа келнерот.
- Господине, јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
- Многу ви .............благодрам, ме утепа промаја!



5. Што носи зајакот на грбот кога летa?- орел!



6. Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели: - Податоци молам! - Деан Петров. - Деан Иванов. - Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!

 

7. Професорка по теологија зборува за првиот маж и првата жена, Адам и Ева и како целиот човечки род настанал од нив двајцата. Иванчо решил да се направил паметен:
- Тато ми рече дека сме настанеле од мајмун!
професорката:
- Вашата семејна приказна воопшто не ме интересира!

уторак, 10. јул 2012.

ВИЦОВИ - 8


1. Што и треба на плавуша да претрча 100 метри?
     - Компас и карта.
2. Се возеле интелектуалец и плавуша во воз. На интелектуалецот му било досадно, па ја прашал плавушата дали би сакала да играат една игра:
- „Ке си поставуваме прашања, ти ако не знаеш ми даваш едно евро, а јас ако не знам ти давам 50“. Плавушата се согласила.
Интелектуалецот: Кој ја напишал Војна и мир?
Плавушата: Блаже Конески.
Интелектуалецот: Не е точно. Дај ми едно евро.
Плавушата: Што е ова: два се клати, три се тресе?
Интелектуалецот: Незнам еве ти 50 евра. И што е?
Плавушата: Незнам, еве ти едно евро!
3. Збунета и загрижена плавуша и кажува на пријателката:
- „ Ахх треба да се најдам со дечко ми, ама не се сеќавам дали беше во 8:30 или во 3:80.“
4. Излегуваат две плавуши од автомобил, ја затрескуваат вратата така да таа се заклучува, а клучевите остануваат внатре. И после им требало два часа да ја ослободат другарката која останала заклучена во колата.
5. Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол. Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет. Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата. Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива. Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара: - Замолчи!!! Tи си следниот!
6. Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
- Слушна ли, се удавила летото на море?
- Како?
- Паднала од кејот во водата.
- Таа нели знаеше да плива?
- Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.
7. Се нашле две плавуши и едната и вика на другата:
- Да не имаш случајно лепак за глувци?
- Што, да не ти се дупна глушецот?

ВИЦОВИ - 7



1. Си ја паркира Блажо колата покрај една куќа во Охрид, а од прозорот една бабичка му вели:
- Синкоооо кревет!
- Фала бабо, имам јас апратман!
- Ама синко, кревет!
- Бабичке, ај не ме замарај, си имам јас апартман, не ми треба кревет! И така Блажо отишол да прошета, а кога се вратил, што ќе виде, колата му ја нема. Тогаш бабичката му вика: 
- Абе синко, ти реков кревет... ги кревет колите со пајакон!


2. Се породила некоја жена и родила близначки.
Ги крстила Фасонка и Неонка. Ја прашуваат
- По кого ги крсти девијчињата? 
По дедо им Ламбе - вели таа


3. Во крошните на едно дрво седи човек. Долу минува друг човек и го прашува качениот:
- Крила од Редбул? 
- Не, шубе од питбул!



 4. „Мамо, маж ми повторно се караше со мене, јас тоа неможам да го издржам! Ќе дојдам да живеам со тебе“.
Мајката одговара:
„Не, драга. Тој мора да плати за своите грешки. Јас ќе дојдам да живеам со вас.“



5. Си тркале две магариња и едното му вика на другото:- Кој последен тој магаре!



6. Некој човек се враќа од кај љубовницата накај дома и забележал дека мириса на нејзинот парфем. И додека се мислел како да го покрие мирисот, видел еден бар и влегол внатре. После десетина испиени пива, тргнал накај дома. Трпана го пречекала и нервозно му рекла:
 - Колку и да си се намирисал со женски парфем, знам дека ти пак си пиел!



7. Мамо, мамо, дали кога ќе умрам ќе одам во рајот? - ја прашува малиот динасаурус мајка си.
 - Не, сине, ти ќе одиш во музеј!