субота, 31. децембар 2011.

ВИЦОВИ - 3



1. Наставник: Последна клупа на табла! 
Ученик: А со клупата и столчињата ли да ги донесеме?  



2. Одат татко и син на пазар и синот го прашува таткото: 
- Тато, тато, што се овие?
- Модри сливи сине
- А зошто се црвени?
- Оти се зелени сине 



3. Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:  
-  Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.

 

4. Некоја девојка ја фатила на златната рипка и рипката и рекла:  
- Ако ме пуштиш ке ти исполнам една желба.
Девојката се согласила и ја пуштила на рипката.
- Ајде сега кажи ја твојата желба.
- Па сакам да сум вечно млада и убава.
И рипката ја претворила во кукла.



5. Една свиња ја прашува другата:
- Што ќе бидеш ти кога ќе пораснеш?
- Па, се мислам меѓу виршла и печеница.



6. Влегува човек во болница и гледа доктори и сестри тепаат   еден пациент.
- Ееееј што правите! 
- Абе три месеци го лечиме од жутица а тој тек денес ни вика  дека е кинез.



7. Во морето среќно си пливаат сардини кога наеднаш пред нив се појавува подморница. Малите сардинчиња уплашени се скриле позади мајка им:
- Не плашете се,тоа се само луѓе во конзерва!

недеља, 20. новембар 2011.

ВИЦОВИ - 2



1. Отишол човек на лекар и се враќа дома тажен. Жената го прашува што се случило, а тој: 
- Бев на лекар, ме прегледа и ми даде да пијам таблети. Ми рече дека морам да ги пијам до крајот на животот.Жената не разбира што има лошо во тоа, а мажот:
- Ми даде само три.



2. Се уште не сте научиле да пливате, госпоѓице?
- Не, не можам...Замислете, треба да се држи затворена устата!


3. Трпе ја отклучува влезната врата од домот тивко, влегува на прсти и наеднаш пред него скокнува жена му.
- Кај си ти до сега пијаничиште едно, три саат по полноќ е, нели ти е срам да се прибираш дома во ова време.- му се развикала таа.
- Еј еј, полека, не викај, не се прибирам во ова време... дојдов само да ја земам гитарата.



4. Перо го прашува Трпе како го воспитува својот син:
- Трпе, како го воспитуваш син ти, со ќотек или преку разговор?
- Преку разговор нормално, не сме мајмуни ние.
- А ќотек не? Никогаш?
- Па добро, понекогаш и ќотек, ама само во самоодбрана.



5. Влегува една жена во продавница и и` вели на продавачката:
- Сакам да купам кравата за сопругот, некоја што ќе ги истакне неговите очи.
- Госпоѓо, секоја кравата ги истакнува очите на мажот, само треба да ја затегнете добро.- одговорила продавачката.



6. Се јавува човек што дтка во полиција и вели:
- Попопополиција? 
- Да, полиција. 
- Кококошките на комшијата ми сметаат да спијам? 
- Колку ги има? ...-100. 
- Па ибркај ги - му велат од полицијата. 
- Па ииизззбркав 90 но ооосстанатите ми сссметаат.
- Па избркај ги и тие. 
- Изззбркав 9 но тоа што осстттана пак ми ссссмета. 
- Па отерај го и тоа во .......... 
- Па му ввииккам иди у пипипипи-и сите кокошки се вратија.



7. Се шета полицаец по улица и лиже сладолед. 
Го здогледало дете па го прашува:
- Чичко, чичко, ќе ми дадеш еден гриз? 
- Не е тоа гриз дете, тоа е сладолед.

ВИЦОВИ - 1


1. Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока. Здогледал некоја русокоса покрај патот.  
- Невесто, рекава длабока е?
- Не! 
Тргнал овој низ реката со тракторот и потонал целиот.
- Добро мори жено, нели е плитка водава.
- А бре плитка е прееска на едни шатки до пола им беше!



2. Разговараат два плавуши:
- "Мислам дека маж ми ме изневерува".
- "Како тоа"?
- "Па ни едно од децата не личи на него".


3. Како 19 плавуши ставаат сијалица во фасонка?
...една се качува на маса, седумнаесет ја вртат масата, а последната чува стража да не дојде струја!



4. Мажот и вика на плавушата:
- Ја стави ли колата во гаража?
- Не!
- Зошто?
- Многу е темно неможам да ги соберам сите делови!



5. Отишла русокоса да врати книга во библиотека, па вели:
- Знаете оваа книга воопшто не ми се допаѓа. Нема никакво дејствие, а и ликови има едно чудо, не можев ни едно име да запамтам! 
- Аха, значи вие сте ни го земале телефонскиот именик!



6. Се шетаат две плавуши и едната вели:
- Види, мртов галеб.
Другата плавуша погледнува кон небото и вели:
- Каде?



7. Во бирото за загубени работи, русокоса го пријавува губењето на својот чадор.
- Кога забележавте дека ви го нема чадорот? 
– Прашува службеникот
- Паа… кога престана дождот и сакав да го затворам чадорот.