уторак, 20. август 2013.

ВИЦОВИ 17



1.   Синот на некој човек на школо учел за негативни броеви. Но ништо не му било јасно па го замолил неговиот татко да му појасни. Таткому му објаснил вака:
- Види сега. Во еден автобус имаш 5 патници и на следната станица излегуваат 7 од нив. Значи треба да влезат уште двајца за автобусот да биде празен.

2.   Гостин влегува во кафеана и прашува:
- Келнер, имате ли дива патка?
- Немаме ама можеме да изнервираме една домашна ако сакате.

3.   Двајца колеги на работа решават крстозбор:
- Зеленчук со три букви?
- Зелка!
- Не ја собира.
- Епа земи помала.

4.   Доага Мујо во џунгла и се запознава со Тарзан:
"Ја Тарзан".
"Ја Мујо"
"Моја Дзени", "Моја Фата".
"Моја Чита". "Е, моја не чита"

5.   Во авион на сред лет пилотот им се обраќа на патниците:
- Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
- Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго... можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
- За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа... не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
- Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!

6.   Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо:
- Госпоѓо, вашите документи!
- Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка.
А полицаецот и враќа:
- Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“

7.   Го прашуваат Цветко:
- Замисли дека си во џунгла и до тебе има тигар
кој сака да те изеде, што би направил?
- Би престанал да замислувам.

уторак, 13. август 2013.

ВИЦОВИ - 16



1.

Отворила мечката продавница, и прв купувач и’ бил зајакот. Прашал дали има моркови. Мечката му рекла дека нема. Но зајакот бил упорен и доаѓал секој ден да бара моркови. После две недели и’ здосадил на мечката, па мечката му се заканила: ако дојдеш уште еднаш да побараш моркови, ќе те заковам на ѕидот со шајки. Следниот ден доаѓа зајакот и ја прашува мечката:

- Медо, имаш ли шајки?

- Не - му одговорила мечката.

- А моркови?



2.

Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славнитежени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!

На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.

На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!



3.

Мноогу убо слушно апаратче сум купил!
-Фино, а колку пари?
-ааа, дома арни бе докторе, кај вас?



4.

Во преполн воз еден патник му вели на сопатникот:
- Еве, веќе десет години патувам со возов и никогаш не била ваква гужва...
- Десет години! - зачуден е сопатникот. -А на која станица вие се качивте?!



5.

Некоја девојка го прашува своето момче:
- Повеќе ти се допаѓаат паметни или убави девојки?
А момчето и’ одговара:
- Ни едните, ни другите! Јас те сакам само тебе.



6.

Паметните луѓе секогаш се полни со сомнеж - објаснува професорот по филозофија. - Додека будалите секогаш се совршено уверени.

- Дали сте сигурен? - прашува Трпе.

- Апсолутно - вели професорот.



7.

Мамо не ти мириса на пица?!
- Не бе...
Е, па како ќе мириса кога боранија имаш зготвено!