уторак, 13. август 2013.

ВИЦОВИ - 16



1.

Отворила мечката продавница, и прв купувач и’ бил зајакот. Прашал дали има моркови. Мечката му рекла дека нема. Но зајакот бил упорен и доаѓал секој ден да бара моркови. После две недели и’ здосадил на мечката, па мечката му се заканила: ако дојдеш уште еднаш да побараш моркови, ќе те заковам на ѕидот со шајки. Следниот ден доаѓа зајакот и ја прашува мечката:

- Медо, имаш ли шајки?

- Не - му одговорила мечката.

- А моркови?



2.

Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славнитежени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!

На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.

На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!



3.

Мноогу убо слушно апаратче сум купил!
-Фино, а колку пари?
-ааа, дома арни бе докторе, кај вас?



4.

Во преполн воз еден патник му вели на сопатникот:
- Еве, веќе десет години патувам со возов и никогаш не била ваква гужва...
- Десет години! - зачуден е сопатникот. -А на која станица вие се качивте?!



5.

Некоја девојка го прашува своето момче:
- Повеќе ти се допаѓаат паметни или убави девојки?
А момчето и’ одговара:
- Ни едните, ни другите! Јас те сакам само тебе.



6.

Паметните луѓе секогаш се полни со сомнеж - објаснува професорот по филозофија. - Додека будалите секогаш се совршено уверени.

- Дали сте сигурен? - прашува Трпе.

- Апсолутно - вели професорот.



7.

Мамо не ти мириса на пица?!
- Не бе...
Е, па како ќе мириса кога боранија имаш зготвено!

Нема коментара:

Постави коментар