Најсреќен е оној човек кој направил среќни други луѓе! –Дидро
субота, 17. јул 2021.
Дали тревата е сина или зелена?
Сказна…
Магарето му рекло на тигарот: - Тревата е сина. Тигарот одговорил: - Не,тревата е зелена! Избувнала кавга и двајцата отишле кај лавот , кралот на шумата , да го реши овој проблем. Уште не стигнале до местото во шумата каде што седел лавот на неговиот престол и магарето од далеку почнало да вика: - Ваше Височество, нели тревата е сина? Лавот одговорил: -Така е,тревата е сина. Магарето пресреќно, рекло: -Тигарот не се согласува со мене, ми противречи, се кара и ме нервира, те молам казни го. Кралот на животните рекол : -Тигарот е казнет со 5 години молчење. - Магарето цело пресреќно си заминало скокајќи и викајќи: -Тревата е сина,тревата е сина.. Тигарот ја прифатил казната и го прашал лавот: - Височество тревата е зелена, нели? - Да,се согласувам,тревата е навистина зелена. - Тигарот изненаден го прашува: - Па зошто тогаш ме казнивте? Лавот одговорил: - Не е важно дали тревата е сина или зелена, казната ти е 5 години молчење,заради тоа што такво храбро и интелигентно животно како тебе губи време да се расправа со магариња,па и да дојде на суд кај мене за такво прашање. Најлошо е да губиш време да се расправаш со будала и неук, на кој не му е ни гајле за вистината, туку само за победа на неговите верувања и илузии.
Нема коментара:
Постави коментар