петак, 20. јул 2012.

ВИЦОВИ - 11


1.
Малиот Трпе и вика на Трпана:
- Мамо, мамо, имам добра и лоша вест!
- Ајде сине прво добрата.
- Добив 5 по физика.
- Конечно, ајде сега лошата.
- Лажам!

2.
Разговараат две жени.
- Ти уствари колку години имаше?
- 25!
- Е ај не ме лажи, лани ми кажа исто дека имаш 25!
- Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!

 
3.
Некои две баби секој ден биле на болница. Ама еден ден едната баба оди на болница и гледа дека и ја нема другарката и се исшокирала и прашта до кај неа да види што е работата. Оди до кај неа и ја гледа и ја прашува:
- ''Добро мори Трајанке оти не беше денеска на болница?''
- "Ќути нешто не ми беше арно" и вика другата...

4.
- Море мажу, ми вети ќе се вратиш во 10, а сега е 1 по полноќ ...
- Па 10 е мори жено .... ?!?!?!?!
- Како да не, сатот сега одчука 1...
- Е па шо сакаш, и нулата да ти ја одчука ?

5.
Трпе се враќа дома весел.
- Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
- Браво, а на која фирма?
- На Цементара.

6.
Биле Мујо и Хасо во некој хотел и преку ноќ комарците ги направиле лом. Се пожалиле тие на рецепција, а овие ги прашале дали ги оставиле светлата запалени.
- Да, рекол Мујо
- Епа требаше да ги изгаснете!
Следната вечер легнале Мујо и Хасо и ете ти неколку светулки во собата. Мујо свикал:
- Да бегаме Хасо, еве ги идат со батерии!

7.
Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти
ќе му испуни жељу.И кумановац кажаја :
- Ауди Q7
- Сакаш на кредит или на лизинг ?
- А ти сакаш на зејтин или на маст?

Нема коментара:

Постави коментар