петак, 20. јул 2012.

ВИЦОВИ - 10


1.
Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!

2.
Се сретнале Трајче и Панче
- Кај си бе ? Шо има ново ?
- Абе отидов до лотаријата и земав грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата!
- Стварно?
- Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.

3.
Човек сака да изнајми стан, приметил некои валканици на ѕидот и прашува:
Од што е извалкан ѕидот?
Па овде живееше еден хемичар и правеше екстрмни експерименти.
Аха значи ова се некои хемикалии?
Не! Тоа е ХЕМИЧАРОТ !!!

4.
Го прашуваат Цветко:
- Замисли дека си во џунгла и до тебе има тигар
кој сака да те изеде, што би направил?
- Би престанал да замислувам.

 
5.
Таткото го заспива својот син:
-Мирно спиј злато за ништо не грижи се,
ако во текот на ноќта ти притреба нешто,
само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.

6.
Википедија: Јас знам се!
Гугл: Јас пронаоѓам се!
Интернет: Без мене не можете!
Струја: Навистина?!

7.
Корисник се јавува на сервисерот за компјутери и му го кажува проблемот.
Сервисерот - А, имаш ли икони на десктопот?
Корисникот - Да!
Сервисерот - Е, па моли се.

Нема коментара:

Постави коментар