недеља, 29. јул 2012.

ВИЦОВИ - 14


1.
Трпе го тепа синот, го криши од ќотек, од страна пука сеир комшијата ама од љубопитност му вика: Добро бе Трпе зошто толку го тепаш? 
Трпе: Абе утре ги земаат оценките,а јас сум на пат.
 
2.
Наставничката го кара малиот Трпе:
- Трпе, не е убаво да се тепаш, треба да научиш да даваш и да земаш!
- Така и правам наставничке, им давам боксови на децата и им ја земам ужинката.

3.
Си бил малиот Трпе. Одел на училиште и наставничката го гледа цел потечен во устата и му вели:
Шо ти е бе Трпе?
- Абе ми застана пчела на устата.
И шо ти се случи? Да не те касна?
- Не бе, татко ми ја утепа со лопатата!

4.
Двајца студенти прават муабет:
-Ќе одиме на кафе или ќе
одиме на предавање?
-Ајде ќе фрламе паричка, ако
остане во воздух одиме на
предавање.

5.
Цветко оди на железничка станица и вика:
- Дајте ми повратна карта.
- До каде?
- Како до каде? Па до овде.

6.
Малиот Трпе и се жали на Трпана:
- Мамо, знаеш дека не сакам кашкавал со дупки!
- Сине, ако не сакаш кашкавал со дупки, не ги јади дупките, изеди го само кашкавалот.

7.
Судијата му вели на обвинениот:
- Господине, должност ви била најдениот паричник веднаш да го однесете во најбилската полициска станица.
- Знам господине судија, но кога го најдов паричникот беше недела и во станицата немаше никого.
- А зошто тоа не го сторивте во понеделникот?
- Па, тогаш во паричникот немаше ништо…

Нема коментара:

Постави коментар