среда, 19. новембар 2014.

ВИЦОВИ - 80



1. Го прашуваат во школо малиот Трпе да каже поговорка.
"Без алат нема занает"!
Браво Трпе, ај кажи сега уште една?
"На паметниот и една му е доста"!


2.Лежи Трпана на интензивна, приоѓа докторот до Трпе и му вели:
- Трпана не изгледа баш добро.
- Знам докторе, ама добро готви, и добра е со деца!


3. На работната маса на еден менаџер се наоѓаат илјадници CV-ија. Тој зема половина и ги фрла во корпа за отпадоци велејќи си:
- Не ми требаат луѓе кои немаат среќа во животот!

4.Една жена минува низ паркот. Одеднаш слуша глас од зад жбунот:

- Стој!
Она застанува.
- Лежи!
Легнува.
- Лази!
Залазува.
И одеднаш слуша глас до увото:
- Госпоѓо, да не ви е лошо? Јас тука го тренирам кучето и гледам вие лазите......


5.Психологот:
- Замислете дека дедо ви умрел…
- Добро, имам уште еден.
- Доцните за погребот.

- Седнувам во автомобилот и … гас.
- Но, вие се плашите од големи брзини.
- Ќе испијам шише ракија за храброст!
- Ете! Кога сте пијан ве запира полиција…
- Ова е Македонија, ќе се „разбереме“…
- Не можете да се „разберете“. Ве застана полицајка.
- Ќе се запознаам и ќе пофлертувам со неа.
- Да, ама таа е многу грда!
- Да, ама јас веќе сум пијан!


6. Седнале Мара и Блага во дворот да пијат кафе и да се помуабетат малку.

Мара ја прашала Блага:
- Благе, ами каде е бре Нацо твој, одамна го немам видено?
- Дома е, беше на операција, му го оперисаа слепото црево.
- Аман мори Благе, што така по доктори и по болници? Не ми се смеј, ама да те прашам, што е тоа слепо црево?
- А мори Маре, како да ти објаснам,  едно мало што висе под стомакот, и за ништо не служе...
- Аууу, што зборуваш мори Благе, ами Блажо мој е печен за таа операција....


7. Ало , злато , куде е кафе не можу да га најду?
- Абе как’в муж си ти ништо неможеш да најдеш?

- Па ете не можу да га најду затој те питују?

- Па све ти е тамо очи ке ти извади бре, ајде отвори га плакар и види има ли плава кутија Вегета ?
- Да има …
- Па те ти га кафе !

ВИЦОВИ - 79



1. Дете на програмер тргнува во прво одделение.
На првиот училишен ден учителката им објаснува:
- Ако некој сака нешто да праша или каже, нека крене рака.
Детето веднаш крева рака. Професорката:
- Да, кажи.
- Ништо, ништо, само тестирам како работи системот!


2. Си биле уметник, доктор и програмер и ги прашале: Што е подобро да имаш само жена или да имаш и швалерка?
- Уметникот вика поубаво е швалерка, по возбудлив живот, поголема инспирација и сл
- Докторот вика поубаво е само жена, тоа е мирен живо, сигурна иднина
- на крај Програмерот вика, нај арно е да имаш и жена и швалерка,
жената ќе мисли дека си кај швалерката, швалерката ќе мисли дека си кај жената
а ти на раат си програмираш.


3. Се возеле механичар, електричар ипрограмер.
Одеднаш, автомобилот се расипал.
Механичарот вели:
- Сигурно рикнал блок од моторот.
Електричарот вели:
- Ма гарант акумулаторот откажал.
Програмерот вели:
- А да пробаме да излеземе и да влеземе пак,може ќе проработи?


4. Дојди кај мене, сама сум...
- Немој мене тие финти, пак ти е компјутерот за форматирање.


5. Две Циганки кои не се виделе долго време се среќаваат во автобус и едната и вика на другата:
- Леле мори, што си убава денеска!
- Е, фала на елементот.
- Мори што си проста, не се вика елемент, се вика компликација!


6. Мајката го буди синот: 
- Станувај синко, време е да одиш на школо.
- Остај ме мамо, денес не одам на школо.
- Е како не одиш, имаш причина за тоа?
- Да, ме мразат учениците, а богами и професорите. После пола саат мајкава пак.
- Ај станувај мора да одиш!
- Е зошто морам?
- Зошто имаш 55 години и си директор на училиштето!


7. Тинејџерка сабајле рано напишала си статус:
- некој рано на школо а некој на кафе шема…
Во коментар мајка и додала:
- за некој ќе има ручек, а за некој ќотек.

ВИЦОВИ - 78


1. Мрзливец кој цел живот бил безделник - починал, и неговата жена побарала кремација.
Кога ја добила неговата пепел, ја истурила во песочен часовник. Секогаш кога доаѓало време песочникот да се преврти, таа задоволно си мрморела:
- Најпосле! И ти нешто да поработиш!


2. Тазе мажена девојка оди во црква да се  исповеда. 
- Каков грев направи, чедо? - прашува попот,
- Се омажив.
- Па тоа не е грев.
- Сеедно, дојдов да се покајам. 

3. Мамо, што е тоа мажење?
- Ќерко, тоа е еден модерен збор. Значи посвојување машко возрасно дете со кое родителите не знаат што да прават. 

4.Го прашуваат Трпе што повеќе сака да биде, ќелав или идиот.
Трпе: - Па идиот.
- А зошто мислиш дека е подобро да си идиот?
- Помалку се гледа.


5. Каква е разликата помеѓу социјална мрежа и затвор?
- Никаква. Седиш, губиш време и пишуваш на ѕид. 

6. Двајца милијардери од врвот на листата на Форбс се фалеле кој има поголемо богатство. Првиот рекол:
- Имам доволно пари за да го купам цел свет!
Другиот му одговорил:
- Жал ми е, ама не го продавам.


7. Информатичар доживеал бродолом и се нашол на пуст остров.
Шест месеци никој не поминал. И тогаш едно сабајле отвора очи и гледа раскошна плавуша со големи гради како стои пред него.
- Ајде пакувај се одиме кај мене од другата страна на островот.
Кога таму што да види. Голема куќа, фрижидер, телевизор, базен...
- Ај оди избањај се и дојди.
Се бањал овој цел саат, излегува среќен, а плавушава го пречекува и го откопчува бекинито:
- А сега ќе добиеш нешто што не си го правел 6 месеци...
- Ај не зезај, имаш и интернет!

ВИЦОВИ - 77



1.    Седи тип на гранка и ја сече, поблиску до стеблото. Наишол некој минувач и го опоменал:
- Немојте така!
- Што тоа?
- Немојте така да правите. Ја сечете гранката на која седите. Ќе паднете заедно со неа.
- Што, па, вие се мешате? Глејте си работа, си сечам од кејф.
Минувачот ги наведнал рамениците и си заминал, а типот вредно продолжил да ја делка гранката. И, се разбира, гранката паднала, а и типот со неа, од висина од 3-4 метри. Целиот испокршен и зашеметен, типот си помислил на минувачот:
- Е, богами, ќе го послушав јас, се разбира, само да знаев дека фраерот знае да предвидува иднина!

2.    На психијатар отишол лавот на Метро-Голдвин-Маер и се пожалил:
- Не знам што ми се случува, докторе. Секогаш кога ќе заурлам, морам два саата да гледам некој филм!

3.    Доаѓа гостин во домот на сопственик на фирма што произведува презервативи. А таму - 15 деца! 
- Зарем сите овие се ваши деца - прашува гостинот. - За  еден фабрикант за презервативи ова не е баш најдобра  реклама.
-Тоа и не е реклама. Тоа се рекламации!

4.    Двајца играат топка. Удрената топка одлетала во грмушки. Барајќи ја еден од играчите пронашол жаба. Жабата му се обратила со човечки глас: "Јас сум убавата принцеза која злиот волшебник ја претвори во жаба. Ако ме бакнеш пак ќе станам принцеза. И ќе се омажам за тебе. Ќе станеш принц, ќе живееме заедно, во љубов и благосостојба."
Играчот ја ставил жабата в џеб, ја побарал топката и продолжил со играта. После неколку минути жабата повторно се јавила од џебот: "Ве молам, се чини дека ме заборавивте. Јас сум убавата принцеза претворена во жаба. Ако ме бакнете пак ќе станам принцеза, ќе се земеме и ќе живееме во љубов и благосостојба."
Тој ѝ одговорил: "Мила госпоѓице жабо! Ќе бидам со вас крајно искрен. Во ситуација сум кога повеќе сакам да имам жаба што зборува отколку нова жена."

5.    Некој човек со автомобилот удрил во птица. Му станало жал и ја однел дома, ја ставил во кафез, а во кафезот ставил и малку вода и леб. Кога птицата се освестила, погледнала околу себе и си рекла: 
- Затвор, леб, вода... Што ми требаше да го удрам оној возач..

6.    Ѓорѓијо!
- Што е?
- Пуши ли ти крава?
- Ма, не. Зашто прашуеш?
- Е па, т’га ти гори штала!

7.    Таткото го прашува синот?
- Сине, што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?
- Сакам да бидам чистач на базени.
- Зошто баш чистач на базени, има и други професии.
- Па добро, може и градинар, водоинсталатер, разнесувач на пица, Дедо Мраз...
Таткото викнал гласно:
- Леле, жено! Малиот ги нашол филмовите!