1. Мрзливец кој цел живот бил безделник - починал, и неговата жена побарала кремација.
Кога ја добила неговата пепел, ја истурила во песочен часовник. Секогаш кога доаѓало време песочникот да се преврти, таа задоволно си мрморела:
- Најпосле! И ти нешто да поработиш!
2. Тазе мажена девојка оди во црква да се исповеда.
- Каков грев направи, чедо? - прашува попот,
- Се омажив.
- Па тоа не е грев.
- Сеедно, дојдов да се покајам.
3. Мамо, што е тоа мажење?
- Ќерко, тоа е еден модерен збор. Значи посвојување машко возрасно дете со кое
родителите не знаат што да прават. - Се омажив.
- Па тоа не е грев.
- Сеедно, дојдов да се покајам.
3. Мамо, што е тоа мажење?
4.Го прашуваат Трпе што повеќе сака да биде, ќелав или идиот.
Трпе: - Па идиот.
- А зошто мислиш дека е подобро да си идиот?
- Помалку се гледа.
5. Каква е разликата помеѓу социјална мрежа и затвор?
- Никаква. Седиш, губиш време и пишуваш на ѕид.
6. Двајца милијардери од врвот на листата на Форбс се фалеле кој има поголемо богатство. Првиот рекол:
- Имам доволно пари за да го купам цел свет!
Другиот му одговорил:
- Жал ми е, ама не го продавам.
7. Информатичар доживеал бродолом и се нашол на пуст остров.
Шест месеци никој не поминал. И тогаш едно сабајле отвора очи и гледа раскошна плавуша со големи гради како стои пред него.
- Ајде пакувај се одиме кај мене од другата страна на островот.
Кога таму што да види. Голема куќа, фрижидер, телевизор, базен...
- Ај оди избањај се и дојди.
Се бањал овој цел саат, излегува среќен, а плавушава го пречекува и го откопчува бекинито:
- А сега ќе добиеш нешто што не си го правел 6 месеци...
- Ај не зезај, имаш и интернет!
Нема коментара:
Постави коментар