среда, 19. новембар 2014.

ВИЦОВИ - 80



1. Го прашуваат во школо малиот Трпе да каже поговорка.
"Без алат нема занает"!
Браво Трпе, ај кажи сега уште една?
"На паметниот и една му е доста"!


2.Лежи Трпана на интензивна, приоѓа докторот до Трпе и му вели:
- Трпана не изгледа баш добро.
- Знам докторе, ама добро готви, и добра е со деца!


3. На работната маса на еден менаџер се наоѓаат илјадници CV-ија. Тој зема половина и ги фрла во корпа за отпадоци велејќи си:
- Не ми требаат луѓе кои немаат среќа во животот!

4.Една жена минува низ паркот. Одеднаш слуша глас од зад жбунот:

- Стој!
Она застанува.
- Лежи!
Легнува.
- Лази!
Залазува.
И одеднаш слуша глас до увото:
- Госпоѓо, да не ви е лошо? Јас тука го тренирам кучето и гледам вие лазите......


5.Психологот:
- Замислете дека дедо ви умрел…
- Добро, имам уште еден.
- Доцните за погребот.

- Седнувам во автомобилот и … гас.
- Но, вие се плашите од големи брзини.
- Ќе испијам шише ракија за храброст!
- Ете! Кога сте пијан ве запира полиција…
- Ова е Македонија, ќе се „разбереме“…
- Не можете да се „разберете“. Ве застана полицајка.
- Ќе се запознаам и ќе пофлертувам со неа.
- Да, ама таа е многу грда!
- Да, ама јас веќе сум пијан!


6. Седнале Мара и Блага во дворот да пијат кафе и да се помуабетат малку.

Мара ја прашала Блага:
- Благе, ами каде е бре Нацо твој, одамна го немам видено?
- Дома е, беше на операција, му го оперисаа слепото црево.
- Аман мори Благе, што така по доктори и по болници? Не ми се смеј, ама да те прашам, што е тоа слепо црево?
- А мори Маре, како да ти објаснам,  едно мало што висе под стомакот, и за ништо не служе...
- Аууу, што зборуваш мори Благе, ами Блажо мој е печен за таа операција....


7. Ало , злато , куде е кафе не можу да га најду?
- Абе как’в муж си ти ништо неможеш да најдеш?

- Па ете не можу да га најду затој те питују?

- Па све ти е тамо очи ке ти извади бре, ајде отвори га плакар и види има ли плава кутија Вегета ?
- Да има …
- Па те ти га кафе !

Нема коментара:

Постави коментар