понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 81



1. Влегуам во кафана и ја прашувам келнеркат:
Срце убава вие ракијата?
-Како мене!
Епа..дај едно пиво.



2. Зошто жените обрнуваат повеќе внимание на подобрување на својот изглед, отколку на подобрување на нивниот интелект?
Затоа што повеќето мажи се глупи, но многу малку од нив се слепи.



3. Блажо и вика на ќерка му:
- Денеска Розе, дојдe твојот дечко и те побара за жена, па јас му реков ДА...
- Ама тато, јас не сакам да се одвојам од мама...
- Е добро де, земи ја и неа со тебe.



4.Трпе и Цветко одат на изложба и едниот му вели на другиот :
- Што мислиш, што е ова на сликава, изгрејсонце или зајдисонце???
- Зајдисонце.
- Како можеш да бидеш сигурен?
- Го познавам сликарот. Тој секогаш спие до пладне.



5.Трпе се жали на психијатар:
- Докторе, помагај, живот мој повеќе нема смисла. Жената ме напушти, ќерката и зетот веќе не доаѓаат кај мене, синот не ми обрнува никакво внимание, дури ни пари не ми бара повеќе.
Докторот:
- Море дај ти мене помогни ми, кажи ми како ти успеа сето тоа?



6. Умира Трпе и застанал пред портите на рајот. Доаѓа Господ и му отвара.
- Господе, јас сум Трпе и живеев праведен живот. Мслам дека сум за тука.
- Да Трпе, за тука си. Сигурно си гладен, ќе јадеш ли со мене?
- Зошто да не.
Отворил господ рибина конзерва, седнале и почнале да јадат. Додека јаделе, гледа Трпе долу во пеколот како јадат печено месо, пијат вино, трешти музика..
На другиот ден пак конзрва а во пеколот печено прасе. Трпе го прашал Господ:
- Господи, се извинувам ама нешто не ми е јасно, ние тука во рајот јадиме конзерви а оние во пеколот се гостат со се и сешто!
- Трпе, како да ти кажам, не се исплатува да готвам само за двајца.



7. На час по веронаука учителката рекла:
– Сите што сакаат да одат на небото, нека кренат рака.
Сите кренале раце освен Трпе. Учителката го прашала:
– Зарем ти не сакаш да одиш на небото?
А трпе одговорил:
– Моите ми рекоа после веронаука да си дојдам право дома.

Нема коментара:

Постави коментар