понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 82



1. Учениците добиле за задача да напишат состав на тема „ Има само една мама“.
Утредента учителката прашува кој ќе чита. Се јавува Мирјана:
-Јас пред некој ден возев велосипед па паднав. Мајка ми ме бакна и ми помина. Има само една мама.
Потоа се јавила Елена:
- Мајка ми секогаш ми ги подготвува моите омилени колачи кога сум нерасположена и јас бргу се расположувам. Има само една мама.
Тогаш се јавил Перица:
- Мене мајка ми ми подготвува палачинки и ме праќа во подрумот да донесам две тегли џем.Јас одам таму и гледам дека нема друга и и довикнувам:Има само една, мама!

2. Цветко влегува во бутик и бара кошула. Продавачот:
- Би сакале ли иста кошула како оваа што ја носам јас?
Цветко:
- Да, иста таква, ама чиста.

3. Доаѓа една баба кај друга баба и и вика :
- Дај прашај ме како се чуствувам!
- Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
- Дај прашај ме ма како се чуствувам!
- Добро! Како се чуствуваш?!
- Ќути не прашувај!

4. Продавач на правосмукалки тропа кај некоја баба:
- бабо овие правосмукалки се многу добри
- синко јас немам пари..
- добро само мала демонстрација
Влегол внатре истурил една торба лајна од крава и викат: ако правосмукалкава ова не го исчистит јас ке ги изедам.
- е богами синко и ќе ги изејш вчера ми ја исклучија струјата.

5. Влага Трпе мртов пијан во кафана и се дере:
– Среќна Нова година!
Некој од страна му дофрлил:
– Каква Нова година во сред февруари бе?
– Февруари?
Леле, Трпана ќе ме утепа, никогаш не сум се вратил толку касно дома.

6. Пристигнува Дедо Мраз -хонорарец во градинката, како што е редот – со огромна вреќа подароци. Ги собрал децата во круг околу себе и им вели:
– Деца, ако ми решите точно една задача, сите подароци се ваши, а ако не успеете, остануваат за мене.
Децата се согласиле.
– Така. За една посета земам 500 денари. Вкупно имам 10 посети, колку пари ќе добијам?
– 5.000 денари – одговараат во хор децата.
– Не погодивте! А даноците и придонесите.

7. Го прашува едно дете полицаецот:Колку кифли изеде сабајле на празен стомак?
Полицаецот: 3-4
Детето :Еее не е точно си изел една на празен стомак другите се веќе на полн.
Иде полицаецот кај шефот и го прашува: Шефе колку кифли изедовте на празен стомак?
Шефот: 5-6
Полицаецот: Ееее шефе да кажевте 3-4 ќе ве зезнав.

Нема коментара:

Постави коментар