понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 87



1. Малиот Трпе му вика на татко му:
- Тато, не можам да одам денес на школо.
- Зошто?
- Не се чувствувам убаво.
- Каде не се чувствуваш убаво?
- На школо.

2. Се караат двајца ќелави:
- Ти си поќелав од мене!
- Па како кога ти немаш ниту едно влакно на главата?
- Па така, ти имаш поголема глава!

3. На една плажа охриѓанец продава сладолед.  Доаѓа женска сосема гола и му нарачува сладолед во корнет. Но охриѓанецот се загледал во неа, па не трепка:
 - Што е, што зјапаш? – го прашала подналутено женската.
- Ма не те гледам јас тебе, туку гледам од каде ќе ги извадиш парите за да ми платиш.

4. Седи Мујо покрај река и вика:
- Нема логика! Нема логика!
Поминува Хасо и го прашува:
- Што нема логика?
- Нема логика! Тулата е правоаголна а, а кога ќе ја фрлам во вода, се создаваат кругови!

5. Поштарот и носи писмо на една бабичка и и вели:
- Бабичке, еве стигна писмо од Америка со авион!
- Не лажи, те видов јас, дојде со мотор.

6. Разговараат две невести.
- Слушнав си се омажила за боксер. Среќна си со него?
- Супер е, а и не е досаден.
- Како тоа?
- Кога и да се врати дома секогаш изгледа поинаку.

7. Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
- Како изгледаше човекот?
- Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

Нема коментара:

Постави коментар