понедељак, 05. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 83



1. Му купиле на малиот Трпе патики.Тој почнал да им се радува. Но првите денови тој не ги вадел од кутијата.
-Абе Трпе, зошто не ги носиш новите патики што ти ги купивме пред 2 дена?
- Мамо, па продавачката рече дека првите 2-3 дена можат да ми направат плускавици, па затоа решив да ги носам по 2-3 дена!



2. Трпе го заспива својот син:
- Мирно спиј, злато, за ништо не грижи се. Ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде!



3. Некој човек добил покана од УЈП. Го викнале лично да се појави затоа што се сомневаале дека затајувал данок. Тој најпрво отишол кај книговодителот и го прашал како да се облече кога ќе оди во УЈП.
- Облечи го најстарото одело, за да изгледаш како да немаш пари и дека си згрешил при сметање на данокот. Сигурно ќе ти опростат.
Човекот за секој случај отишол и до кај неговиот адвокат, па и него го прашал за истата работа.
- Облечи го своето најскапо одело. Ќе помислат дека си имаат работа со некој голем и моќен човек. Сигурно ќе ти опростат.
Човекот тотално се збунил и решил да оди и кај попот, па и него да го праша за совет!
- Ќе ти раскажам една приказна – вели попот – пред свадбата, млада невеста ја прашала својата мајка какви пижами да облече првата брачна ноќ. Мајката и рекла да ги облече најдолгите пижами, со најдолги ракави. Ја прашала и својата постара сестра, а таа и рекла да облече најсекси пижами што ги има.
- Но Дедо Попе, каква врска има оваа приказна со мене?
- Е синко тоа е исто како во твојот случај синко...
- Што и да облечеш ти ќе бидеш онаден.



4. Бог го создал магарето и му рекол: Ти ќе бидеш магаре, ќе работиш од утро до мрак, ќе носиш на твојот грб се што ќе ти стават и ќе живееш 30 години.
Магарето одговорило: Нека биде волјата твоја, Господе, но…30 години е премногу, зарем не би било подобро да се 10?
Го послушал Господ магарето и го создаде такво какво што е.
Потоа го создал Бог кучето и му рекол: Ќе бидеш куче, ќе ја чуваш куќата на човекот, ќе јадеш што ќе ти дадат и ќе живееш 25 години.
Кучето му одговарило: Нека биде волјата твоја, Господе, но, 25 години е премногу, зарем не се доволно 10?
Го послушал Господ кучето и го направил такво какво што е. Потоа, го создал Бог мајмунот и му рекоол: Ти ќе бидеш мајмун, ќе скокаш од дрво на дрво и ќе правиш мајмунски работи за забава и ќе живееш 15 години.
Мајмунот одговарила: Нека биде волјата твоја, Господе, но, 15 години нели е премногу, зарем не е подобро само 5? Го послушал Господ мајмунот и го направил таков каков што е. Конечно го создал Бог човекот и му рекол: Ти ќе бидеш човек, најинтелегентното живо суштество на земјата, ќе владееш со светот и се шт е во него (освен жената – тоа никогаш нема да ти успее) и ќе живееш 30 години. Човекот одговорил: Ви благодарам и нека биде по Ваша волја, Господе, но, 30 години не се доволни, зарем не би можел да ми ги дадеш 20-те години што не ги сака магарето, 15-те години што ги одби кучето и 10 години од мајмунот? Го послушал Господ и го создал човекот таков каков што е.
И така човекот живее 30 години како човек, потоа се жени и живее 20 години како магаре, работејќи од утро до мрак и носејќи го на грб товарот на семејството. Потоа оди во во пензија и живее 15 години како куче, чувајќи ја куќата и јадејќи што ќе му дадат. И на крајот, живее уште 10 години како мајмун, скокајќи, глупирајќи се за да ги забавува внуците.



5. Се среќаваат двајца пријатели. Едниот прашува:
– Има ли нешто ново кај тебе?
– Да, се оженив…
– Браво! Убава ли е?
– Да, сите велат дека личи на Божјата Мајка.
– А слика имаш ли?
– Да, види.
– Маа-а-аајко Божја!



6. Маж чита весник и и вели на жена си:
– Знаеш што пишува тука!? Дека мажите во просек на ден изговараат околу 2200 зборови, а жените 4400!!
Жената:
– Тоа е затоа што треба на сите секогаш се да ви се повторува по два пати…



7. Жената влегува во кујна и го начекува мажот како стои со тепалка за муви во рацете и шета низ кујната.
Што правиш?
Тепам муви.
Па утепа ли некоја?
Да, пет машки три женски.
Жената изнервирана:
А како ги разликуваш женски од машки муви?
Одговор:
Па пет беа на шишињата од пиво , а три на телефонот!

Нема коментара:

Постави коментар