понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 85



1. Блажо ја однел Мара на доктор, после прегледот докторот излегува од ординацијата и му ја кажува на Блажо тажната вест.
"Вашата сопруга е тешко болна и остануваат уште месец дена живот, ве молам тоа да и го соопштите на безболен начин, еве за да и ја намалам тегобата ќе и препишам да оди на бања и да се мачка со лековита земја"
После некое време излегува Мара од ординацијата и го прашува Блажо за тоа што кажа докторот.
Блажо: "Не ти е ништо, но за секој случај ќе мора да одиш на бања и да се мачкаш со лековита земја"
Maрa: "Зошто да се мачкам со лековита земја?!?"
Блажо: "Па незнам у п.м., изгледа ќе треба полека да се навикнуваш на земја."



2. Си праат муабет малото Пере и Кирето, како дошле на виа свет, а Кирето вика;
- Мене штркот ме донесил...
- А ја сум, од јајце излезен...
- Е, од кај знаиш бе Пере...
- Вчера минам кај дуќанчето, и продавачката и вика на комшиката;
- Еве го воа малото, на наа кокошката од трети кат!



3. Ги створил Господ мажот и жената. Го гледа Господ мажот и вели:
-Ти испадна супер!
А потоа ја погледнува жената и вели: - Жалам, ти ќе мораш да се шминкаш.



4. Влегува слепец во женски бар по грешка и си нарачува пиење. По некое време и’ вели на келнерката:
- Сакаш да слушнеш виц за плавуша?
Истиот миг целиот бар замолчува и жената покрај него вели:
- Пред да го кажеш вицот, морам да ти кажам пет причини зошто не би требало да го кажеш, па ти размисли:
Келнерката е плавуша.
Јас сум плавуша од 90 кила со црн појас.
Оваа до мене е плавуша која тренира борење.
Таа зад тебе е плавуша полицајка.
Обезбедувањето се плавуши.
- Сега, сигурен ли си дека сакаш да кажеш виц за плавуша?
А слепецот:
- Нема шанси, па да морам петпати да го објаснувам.



5. Трпе иде на клиниката и ја прашува медицинска сестра:
- Се извинувам, каде се даваат инекции во недела?
Медицинска сестра одговара:
- Во газ, исто како и вопонеделник.



6. Трпе седи во кафеана со кумот, мезат и пијат. Секогаш кога ја натегнувал чашката Трпе замижувал.
- Добро бе Трпе, зошто замижуваш кога пиеш?
- Докторот ми кажа алкохол со очи да не видам!



7. Мамо, што е тоа мажење?
-Ќерко, тоа е еден модерен збор. Значи посвојување машко возрасно дете со кое родителите не знаат што да прават.

Нема коментара:

Постави коментар