понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 84



1. Новинар интервјуира американски милијардер: - Како стекнавте толкаво богатство? - Многу едноставно. Кога стигнав во Њујорк, на пристаништето најдов едно јаболко. Убаво го исчистив и го продадов за еден долар. Со тој долар купив уште две валкани јаболка, ги исчистив и ги продадов за два долари. Потоа купив четири јаболка и! - Извонредно, се воодушевил новинарот. Потоа повеќе купувавте повеќе продававте! - Па не, не баш. Кога купив четири јаболка дознав дека умрел дедо ми и дека сум наследил 10 милијарди долари.

2. Камен пијан мажот се прибира дома а жена му започнува да вика:
- Каде беше мори, пијаницо една?
- Играв табла со Трпе.
- А зошто мирисаш на ракија?
- Па на табла ли да мирисам?

3. Две девојки во кафич од охридската околија...
- Два вискија
- Чиваси?........
На Јончета шоферон од Галеб, зш ме прашвиш ..?

4. Седат баба и дедо и гледаат TV. Дедото и вели на бабата:
- Сакаш да си играме како во старите добри времиња. Јас да те чекам кај стариот даб и ти да дојдеш и како божем да водиме љубов. И бабата се согласила. Дедото чекал, чекал и видел не доаѓа бабата. Иде дома и ја прашува:
- Зошто не дојде?
И бабата вели:
- Па божем мама не ме пушта.

5. Удовац се оправдуе пред судију:
- Ја уопште не претпостављаше дека жена ми се дави.
- Она викаше силно исто како што и обично вика по дома.

6. Жена и се јавува на својата пријателка:
- Леле да ти кажам што се случи!
- Го пратив овој мојот вол да купи компири и замисли го згазила кола?
- Ајјј, леле мори и што ќе правиш ти сега?
- Па најверојатно ориз !

7. Блажо се буди со голем мамурлак утредента после една од новогодишните забави со неговите колеги. Тој воопшто не се ни сеќава како се вратил дома од забавата. Колку и да се чувствуваше лошо, сепак прво нешто што му доаѓаше на ум е дали направил нешто лошо.
Блажо мораше да се присили да ги отвори очите, и прво нешто што забележа се неколку аспирини до чаша со вода на масичката до него. И веднаш до нив, една црвена ружа!
Блажо седнува и ги здогледува неговите алишта пред него, сите чисти и испеглани. Го крева погледот на кај собата и забележува дека се е во совршен ред, беспрекорно чисто. Како и останатиот дел од куќата. Блажо ги зема и ги пие аспирините, и се вкочанува кога забележува на огледалото во тоалетот дека едното око му е модро. Тогаш забележува како една порака виси на аголот од огледалото, пораката е напишана со црвени букви и има мали срциња во неа, и отпечаток од кармин за усни од неговата сопруга:
"Душо, појадокот е на масата, испаднав порано за да пазарам, за да може да ти го направам омиленото јадење за вечера. Те сакам мили! Со љубов, Мара."
Зачекорува во кујната и навистина, има топол појадок, топло кафе и утрешниот весник. Неговиот син е истотака на масата и појадува. Блажо го прашува:
"Сине......... што се случи синоќа?"
"Па тато, ти се врати после 3 часот на полноќ, пијан и надвор од умот. Падна врз масичката за кафе и ја скрши, повраќаше во ходникот, и се здоби со таа модрицата на окото кога налета во вратата."
Збунет тој го прашува синот:
"Па, тогаш зошто се е во совршен ред и толку чисто? Имам ружа покрај креветот, а појадокот ме чека на масата?!?"
На тоа неговиот син одговара:
"Аааааа, ТОА!..... Мама те одвлече до спалната соба, и кога проба да ти ги соблече панталоните, ти извика: Остави ме на мира кокошко, женет сум.

Нема коментара:

Постави коментар