недеља, 8. јун 2014.

ВИЦОВИ - 62



1.   Седи плавуша во автобус, и приоѓа една баба и и вика:
- Девојко, дали сакаш да се замениме?
- Што? Јас да бидам баба?

2.   Оди човек по улица кога поминува кола и му ја прегазува едната нога. Човеков се витка од болка и му се дере на возачот:
- Ах, мајката твоја, за ова ќе ми платиш пола милион марки оштета!
- Што ти е тебе бре човек, па не сум јас милионер.
- Не сум ни јас стоногалка.

3.   Мајката: "Сине зошто плачеш?" -Синот: "Сонував кошмар!" -Мајката: "Што сонуваше?" -Синот: "Сонував како гори училиштето." -Мајката: "Во ред е сине, тоа беше само сон." -Синот: "Па затоа и плачам!"

4.   Разговараат две плавуши, едната и вели на другата:
- Ти уствари колку години имаше ?
- 25 !
- Еееј дај не зафркавај и лани ми рече исто дека имаш 25!
- Епа јас не сум од оние кои еднаш велат едно a другпат друго!

5.   Го прашува учителката детето:
Дали тебе татко ти секогаш ти помага со домашната задача?
Веќе не. Последната единица тотално го уништи!

6.   Разговараат атвореници:
- За што лежиш?
- За ништо.
- Сите така викаат.
- Но јас навистина за ништо! Украдов еден новчаник во кој немаше ништо!

7.   Во продавница:
- Три пара црни хулахопки, молам!
- Господине, а која големина?
- Не е важно, ние во банката ќе одиме
.

Нема коментара:

Постави коментар