среда, 19. новембар 2014.

ВИЦОВИ - 77



1.    Седи тип на гранка и ја сече, поблиску до стеблото. Наишол некој минувач и го опоменал:
- Немојте така!
- Што тоа?
- Немојте така да правите. Ја сечете гранката на која седите. Ќе паднете заедно со неа.
- Што, па, вие се мешате? Глејте си работа, си сечам од кејф.
Минувачот ги наведнал рамениците и си заминал, а типот вредно продолжил да ја делка гранката. И, се разбира, гранката паднала, а и типот со неа, од висина од 3-4 метри. Целиот испокршен и зашеметен, типот си помислил на минувачот:
- Е, богами, ќе го послушав јас, се разбира, само да знаев дека фраерот знае да предвидува иднина!

2.    На психијатар отишол лавот на Метро-Голдвин-Маер и се пожалил:
- Не знам што ми се случува, докторе. Секогаш кога ќе заурлам, морам два саата да гледам некој филм!

3.    Доаѓа гостин во домот на сопственик на фирма што произведува презервативи. А таму - 15 деца! 
- Зарем сите овие се ваши деца - прашува гостинот. - За  еден фабрикант за презервативи ова не е баш најдобра  реклама.
-Тоа и не е реклама. Тоа се рекламации!

4.    Двајца играат топка. Удрената топка одлетала во грмушки. Барајќи ја еден од играчите пронашол жаба. Жабата му се обратила со човечки глас: "Јас сум убавата принцеза која злиот волшебник ја претвори во жаба. Ако ме бакнеш пак ќе станам принцеза. И ќе се омажам за тебе. Ќе станеш принц, ќе живееме заедно, во љубов и благосостојба."
Играчот ја ставил жабата в џеб, ја побарал топката и продолжил со играта. После неколку минути жабата повторно се јавила од џебот: "Ве молам, се чини дека ме заборавивте. Јас сум убавата принцеза претворена во жаба. Ако ме бакнете пак ќе станам принцеза, ќе се земеме и ќе живееме во љубов и благосостојба."
Тој ѝ одговорил: "Мила госпоѓице жабо! Ќе бидам со вас крајно искрен. Во ситуација сум кога повеќе сакам да имам жаба што зборува отколку нова жена."

5.    Некој човек со автомобилот удрил во птица. Му станало жал и ја однел дома, ја ставил во кафез, а во кафезот ставил и малку вода и леб. Кога птицата се освестила, погледнала околу себе и си рекла: 
- Затвор, леб, вода... Што ми требаше да го удрам оној возач..

6.    Ѓорѓијо!
- Што е?
- Пуши ли ти крава?
- Ма, не. Зашто прашуеш?
- Е па, т’га ти гори штала!

7.    Таткото го прашува синот?
- Сине, што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?
- Сакам да бидам чистач на базени.
- Зошто баш чистач на базени, има и други професии.
- Па добро, може и градинар, водоинсталатер, разнесувач на пица, Дедо Мраз...
Таткото викнал гласно:
- Леле, жено! Малиот ги нашол филмовите!

Нема коментара:

Постави коментар