петак, 20. јул 2012.

ВИЦОВИ - 9




1. Си биле две овци и едната и вели на другата:
- Кај си бееее?
A другата и одговара:
- Еве мееее.



2. Влегува мечокот во дневната соба, гледа накај масата и вика:
- Еј, некој јадел од мојот тањир!
Влегува малото мече во дневната и тоа вика:
- Некој јадел и од мојот тањир.
Влегува мечката во дневната и вика:
- Ај доста дробите, не сум ви турила уште.



3. Цветко оди кај Трпе на гости и му носи чоколадо. Трпе му вика:
- Фала, фала, не си требал.
- Нема везе, и онака му е истечен рокот.



4. Заглавил Цветко во кафеана мортус пијан.
Му приоѓа келнерот.
- Господине, јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
- Многу ви .............благодрам, ме утепа промаја!



5. Што носи зајакот на грбот кога летa?- орел!



6. Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели: - Податоци молам! - Деан Петров. - Деан Иванов. - Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!

 

7. Професорка по теологија зборува за првиот маж и првата жена, Адам и Ева и како целиот човечки род настанал од нив двајцата. Иванчо решил да се направил паметен:
- Тато ми рече дека сме настанеле од мајмун!
професорката:
- Вашата семејна приказна воопшто не ме интересира!

уторак, 10. јул 2012.

ВИЦОВИ - 8


1. Што и треба на плавуша да претрча 100 метри?
     - Компас и карта.
2. Се возеле интелектуалец и плавуша во воз. На интелектуалецот му било досадно, па ја прашал плавушата дали би сакала да играат една игра:
- „Ке си поставуваме прашања, ти ако не знаеш ми даваш едно евро, а јас ако не знам ти давам 50“. Плавушата се согласила.
Интелектуалецот: Кој ја напишал Војна и мир?
Плавушата: Блаже Конески.
Интелектуалецот: Не е точно. Дај ми едно евро.
Плавушата: Што е ова: два се клати, три се тресе?
Интелектуалецот: Незнам еве ти 50 евра. И што е?
Плавушата: Незнам, еве ти едно евро!
3. Збунета и загрижена плавуша и кажува на пријателката:
- „ Ахх треба да се најдам со дечко ми, ама не се сеќавам дали беше во 8:30 или во 3:80.“
4. Излегуваат две плавуши од автомобил, ја затрескуваат вратата така да таа се заклучува, а клучевите остануваат внатре. И после им требало два часа да ја ослободат другарката која останала заклучена во колата.
5. Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол. Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет. Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата. Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива. Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара: - Замолчи!!! Tи си следниот!
6. Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
- Слушна ли, се удавила летото на море?
- Како?
- Паднала од кејот во водата.
- Таа нели знаеше да плива?
- Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.
7. Се нашле две плавуши и едната и вика на другата:
- Да не имаш случајно лепак за глувци?
- Што, да не ти се дупна глушецот?

ВИЦОВИ - 7



1. Си ја паркира Блажо колата покрај една куќа во Охрид, а од прозорот една бабичка му вели:
- Синкоооо кревет!
- Фала бабо, имам јас апратман!
- Ама синко, кревет!
- Бабичке, ај не ме замарај, си имам јас апартман, не ми треба кревет! И така Блажо отишол да прошета, а кога се вратил, што ќе виде, колата му ја нема. Тогаш бабичката му вика: 
- Абе синко, ти реков кревет... ги кревет колите со пајакон!


2. Се породила некоја жена и родила близначки.
Ги крстила Фасонка и Неонка. Ја прашуваат
- По кого ги крсти девијчињата? 
По дедо им Ламбе - вели таа


3. Во крошните на едно дрво седи човек. Долу минува друг човек и го прашува качениот:
- Крила од Редбул? 
- Не, шубе од питбул!



 4. „Мамо, маж ми повторно се караше со мене, јас тоа неможам да го издржам! Ќе дојдам да живеам со тебе“.
Мајката одговара:
„Не, драга. Тој мора да плати за своите грешки. Јас ќе дојдам да живеам со вас.“



5. Си тркале две магариња и едното му вика на другото:- Кој последен тој магаре!



6. Некој човек се враќа од кај љубовницата накај дома и забележал дека мириса на нејзинот парфем. И додека се мислел како да го покрие мирисот, видел еден бар и влегол внатре. После десетина испиени пива, тргнал накај дома. Трпана го пречекала и нервозно му рекла:
 - Колку и да си се намирисал со женски парфем, знам дека ти пак си пиел!



7. Мамо, мамо, дали кога ќе умрам ќе одам во рајот? - ја прашува малиот динасаурус мајка си.
 - Не, сине, ти ќе одиш во музеј!

ВИЦОВИ - 6

1. ‎- Леле, колку си ослабела! Нова диета?
- Да, моркови, компири, цвекло.
- Ги вариш или ги печеш?
- Ги копам! 

2. Зошто петлите први пеат на сабајле?
  - Бидејки кога ке станат кокошките ке нема да дојдат на ред!
 
3.  Дебелиот Трпе стои пред детска градинка.
  Поминува покрај него воспитувачката и го прашува:
       - Извинете вие чекате дете?
       - Не, тоа ми е од пиво!!  
 
4. Лежеле две бебиња во болница- машко и женско.
  Машкото му вика на девојчето:
- Јас сум машко бебе...
- Од каде знаеш?
- Сакаш да ти покажам?
- Да
- Нека излезе само сестрата од собава...
  Сестрата излегува од собата ,а машкото бебе го крева   чаршавчето и бели:
- Еве види имам сини чорапчиња....
 
5. Мало девојче забележувајќи неколку бели влакна во смеѓата   коса од мајка си, прашала:
- Мамо, зошто имаш бели влакна на главата?
- Секогаш кога ќе направиш некоја беља или ќе ме изнервираш, по едно влакно од косата ми станува бело - одговорила мајката.
Девојчето размислило малку па повторно прашало:
- А зошто тогаш на баба целата коса и е бела?  
 
6. Диригентот го прашува замислено виолончелистот:
- Колку време свирите?
- Од пет години!
- Веќе е крајно време да престанете.
 
7. Трпе оди на доктор и се жали:
- Докторе не можам да дишам
- Аха, сестро, дај ми го инструментот.
- Аман бе докторе, јас не можам да дишам, тебе ти дојде до музика.
 

ВИЦОВИ - 5

1. Две плавуши седат на тераса и едната прашува:
- Што мислиш дека е поблизу?
- Месечината или Лондон?
Другата:
- Леле колку си глупа!
- Можеш ли да го видиш Лондон, а?

2. Трпе и Цветко одат на изложба и едниот му вели на другиот:
- Што мислиш, што е ова на сликава, изгрејсонце или  зајдисонце?
- Зајдисонце.
- Како можеш да бидеш сигурен?
- Го познавам сликарот. Тој секогаш спие до пладне.
 
3. Учителката му вика на Трпе:
- Кажи на англиски: “Мачката падна во вода и се удави”.
Трпе:
- Mjau bum in the water glugluglu no more mjau mjau”.

4. Бринета прашува плавуша:
- Колку калории можам да согорам, ако пливам цел час во  базент!?
А плавушата врака:
- Глупа жено! Не можeш да гориш работи во вода!

5. Наставничката ги прашува децата:
- Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
- Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.

6. Ало полиција!
- Да!?
- Пријавувам кражба!
- Што ти украле?
- Статусот.
7. Нашиот син докторе постојано си игра во песокот. Прави    слатки од песок, прави кули од песок… Ќе го излекувате ли докторе?
- Па тоа е сосема нормално за едно дете!
- И ние така мислиме докторе, но жена му бара развод.

субота, 7. јануар 2012.

ВИЦOВИ - 4



1. Две плавуши разговараат: 
- Ти што мислиш, живее ли некој под земјата ? 
- Ех што си глупа, па ти што мислиш, кој ги бои морковите ?  

2. Цеце му вели на Пеце: 
- Пеце кога бев мал имав талент да станам ватерполист. 
- Епа зошто не си станал ватерполист? 
- Па никогаш не научив да пливам.  

 

3. Седи мува на рог на вол. Доаѓа друга мува и ја прашува: 
- Што правиш? 
- Ќути ма, не пречи, не гледаш ли дека ораме!  



4. Иде зајко у бурекџилница: 
- Имате бурек со моркови? 
- Не. 
Утредента еве ти го зајко пак:
- Добар ден, бурек со моркови дали имате? 
- Не бре! 
И така неколку дена по ред и на бурекџијава му скиснува и конечно прави една пита - бурек со

моркови. Доаѓа зајко: 
- Здраво, бурек со моркови? 
- Имаме бе зајко!!!   
И зајко: - Нели е бљак?



5. Си седеле две птици во гнездо. Одеднаш над нив прелетала една ракета. Едната од птиците се чудила и рекла: 
- Ауууууу,ама е брза оваа птица!   
А другата и одговорила: 
- Ех, па и ти би била брза кога би ти горел газот!  



6. Летаат два комарци околу пијаница. 
- Ајде, касни го - му вели едниот на другиот. 
- А не, фала, не пијам додека возам  .



7. Како зајак му се заканува на снешко? 
- Морков или фен!