недеља, 14. јул 2013.

ВИЦОВИ 15



1.
Синот на Трпе на крајот на годината ја
носи дома книшката со оценки.
Внатре сите единици, само една двојка
по музичко.
Кога татко му ги видел оценките,му врзал
еден шамар и му рекол:
- Страм да ти е барабо една, толкави
единици, а тебе ти е до пеење!


2.

Абе, што си таков во окото?
- Инфекција од мислење…
- Како бе од мислење?
- Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепелникот.


3.

- Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно.
А Трпе и вика:
- Учителке, надвор ќе биде ладно и ако го затворам прозорот.



4.

- Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
- Па едно 4,5  метри.
- Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!



5.

Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!



6.

Наставникот по историја: Како се викале луѓето кои се бореле со животни и војници за забава на римјаните?
Поткажувачите потшепнуваат: ГЛАДИЈАТОРИ!
Ученикот што одговара: Радијатори!



7.

Ало во програма сте на радио Холидеј повелете.
Алоо ме слушате ?
Да повелете.
Сите ме слушат ?
Да госпоѓо сите.
И по продавницине ?
ДА !
Перо не купувај млеко мајка ти купила!






недеља, 13. јануар 2013.

2013 година ќе влезе во годината на црната змија



Кинески хороскоп за 2013 година
Од 10 февруари според кинеските астролошки закони 2013 година ќе влезе во годината на црната змија. Итро опасно животно, кое своите лични истереси ги става пред се останато.  Нема да имаме пари, ќе има многу скандали на светската политичка сцена, различни меѓусебни кавги, па и нереди, но токму поради тоа треба да се инсистира на разум, смиреност и економичност.  Значи потребно е многу внимание, разум, дисциплина и чувство за одговорност, ако сакаме од оваа година да го извлечеме и она доброто што една ваква година го носи.  Фокус и дисциплина ќе бидат потребни за да се постигнат што повеќе резултати. Во митологијата змијата често претставува исцелување на физичкото тело . Змијата претставува мудро суштество, кое преферира мир.  Иато така претставува тежнеење кон преданост. Со оглед на тоа дека планетата Сатрун тежнее кон стабилност, во текот на нареднава година оваа поланета ќе има многу силно влијание во текот на владеењето на црната змија. Во 2013 година. Сатрун ќе биде во склад во односот кон Меркур, планетата на комуникацијара. Новооткриените амбиции ќе не поттикнуваат да правиме што повеќе можеме за да ги оствариме своите цели.
Сатрун знае како да превземе одговорност, па и во текот на годината Змија исто така ќе биде одбележана со превземање на дополнителни одговорности.
Оваа година ќе биде совршена за почеток на секоја важна и детална работа. Змијата често претставував длабока трансформација и исцелување. Имено во 2013 година Плутон ќе го изложи она што е скриено преку длабоко расветлување на подсвесниот материјал. Полека ќе ги согледаме причините за многу ситуации и ќе бидеме во состојба да  сфатиме некои случувања.  Во оваа година треба да си обезбедиме сигурен простор за работа, бидејќи змијата сака сигурност. Нејзе и е потребно да се чувствува сигурно и заштитено, за да може на најдобар начин да ги искористи своите аналитички вештини.
Самите змии не се грешни, бидејќи не наведуваат на поголем грев од оној на кој некогаш ги навеле Адам и Ева. Тие се само итри, што треба тоа да значи? Тие се подготвени на секакви трикови, а воедно се и мудри. Ако си поставиле некоја цел ќе ја постигнат преку својата мудрост и со помошта на добронамерните заштитници.  Змиите успеваат да постигнат нешто во животот.Можеби не се највредните животни, но секако се најтврдоглавите кога треба да ги искачуваат скалилата на успехот. Во главно се оди како подмачкано бидејќи змиите знаат каде можат да успеат, а каде ќе останат со празни раце.

Популарно за змиите:

Доблести: организираност, внимателност и мудрост.
Недостатоци: тврдоглавост и љубомора
Што мразат змиите: да бидат измамени и споредувани со другите
Што им се допаѓа: долги ноќни разговори и убави предмети
Омилени места: сопствената куќа и суви, диви предели
Класичен одмор: читање книги во својата куќа
Не може без:  заведување
На работа: одлучна и без голем напор постигнува успех
Совршена професија: предавање на стари, заборавени јазици
Најлоша професија:  работа во производство
Односот кон парите:  ги сака парите, бидејќи таа тие и овозможуваат да има живот каков што посакува.
Интереси: роден политичар, професор по латински, филозофија, психијатар и психолог, амбасадор и астролог, голем волшебник, луциден пророк.

недеља, 29. јул 2012.

ВИЦОВИ - 14


1.
Трпе го тепа синот, го криши од ќотек, од страна пука сеир комшијата ама од љубопитност му вика: Добро бе Трпе зошто толку го тепаш? 
Трпе: Абе утре ги земаат оценките,а јас сум на пат.
 
2.
Наставничката го кара малиот Трпе:
- Трпе, не е убаво да се тепаш, треба да научиш да даваш и да земаш!
- Така и правам наставничке, им давам боксови на децата и им ја земам ужинката.

3.
Си бил малиот Трпе. Одел на училиште и наставничката го гледа цел потечен во устата и му вели:
Шо ти е бе Трпе?
- Абе ми застана пчела на устата.
И шо ти се случи? Да не те касна?
- Не бе, татко ми ја утепа со лопатата!

4.
Двајца студенти прават муабет:
-Ќе одиме на кафе или ќе
одиме на предавање?
-Ајде ќе фрламе паричка, ако
остане во воздух одиме на
предавање.

5.
Цветко оди на железничка станица и вика:
- Дајте ми повратна карта.
- До каде?
- Како до каде? Па до овде.

6.
Малиот Трпе и се жали на Трпана:
- Мамо, знаеш дека не сакам кашкавал со дупки!
- Сине, ако не сакаш кашкавал со дупки, не ги јади дупките, изеди го само кашкавалот.

7.
Судијата му вели на обвинениот:
- Господине, должност ви била најдениот паричник веднаш да го однесете во најбилската полициска станица.
- Знам господине судија, но кога го најдов паричникот беше недела и во станицата немаше никого.
- А зошто тоа не го сторивте во понеделникот?
- Па, тогаш во паричникот немаше ништо…

среда, 25. јул 2012.

ВИЦОВИ - 13


1.
На физичар, програмер и математичар им била дадена задача да најдат колку би требало најмалку да биде долго едно јаже за да опфати едно произволно стадо овци со n број членови. Физичарот почнал да пресметува како да ги намести овците во совршен круг, програмерот почнал да прави алгоритам со полигони.. Математичарот мислел неколку секунди, земал едно јаже, го обиколил околу себе, и кажал: "Јас сум надвор."

2.
Се возат проект менаџер, комјутерски програмер и компјутерски оператор по пат и им се дупнала гумата. Тројцата се обидуваат да го решат проблемот: Проект менаџерот вика:
- Ајде да земеме такси и за 10 минути сме до скааната дестинација.
Компјутерскиот програмер вика:
- Ајде да го прочитаме упатството: Можам да ја сменам гумата и продолжиме со возење.
Компјутерскиот оператор вика:
- Најпрвин, да го изгаснеме моторот, да го заплиме повторно. Може тоа ќе ги реши проблемите.
Наеднаш, се појавува Microsoft софтверски инженер и вика:
- Пробајте да ги затворите сите прозорци, излезете од колата, пак влезете во колата и пробајте повторно.

3.
Му се јавува една госпоѓа на својот електричар крајно изнервирана , мајсторе ми ветивте дека денес ќе дојдете да ми го поправите ѕвончето но не дојдовте . Електричарот и вели на ова дојдов госпоѓо и ѕвонев десет минути но вие не ми отворавте .

4.
Учителката го прашува Иванчо:
- Колку е 5+10?
- Не знам, учителке.
- Лесно е. Замисли си дека во едниот џеб имаш 5 денари а во другиот 10. Значи?
- Значи сум облекол туѓи панталони!

5.
Перо отишол на бербер, па го прашуваат: - Како сакаш да се пострижеш? - Бесплатно!

6.
Оди Цветко во сендвичара и им вика:
- Имам само 50 денари, што ми препорачувате?
И типов му одговара:
- Некоја друга сендвичара!

7.
Пеце го прашува Трпе:
- Што е подобро, да си глупав или да си келав?
- Да си глупав!
- E зошто глупав?
- Па затоа што не се гледа!

недеља, 22. јул 2012.

ВИЦОВИ - 12


1.
Зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!

2.
Разговараат две плавуши:
- Да видиш што сум открила, ја гледаш онаа коцка на ѕидот? Притисни ја. (се пали светло).
- Како си открила такво нешто, то е феноменално откритие.
- Ма не тоа, притисни пак (се гаси светлото).
- Па каде исчезна?
- Е тоа сум открила. Го отвора фрижидерот и вели:
- Еве го овде.

3.
Се поплавила канализацијата и дошол мајсторот со својот калфа да ја поправи. Ја отворил,влегол во неа а таа била полна со гом*а. Му рекол на калфата: Подај ми клуч 15,тој му подал. После неколку минути рекол: Подај ми клуч 17,тој повторно му подал. Откако ја направил,излегол цел со гом*а и му рекол на калфата: Учи,мали,учи,или цел живот ке подаваш клучеви.

4.
Седат две плавуши во сендвичара, јадат хамбургери и едната и вели на другата:
Сакаш бел или црвен кечап?

5.
Човек во ресторан нарачува супа. Му ја носи келнерот и човекот извикува:
- Келнер, има мува во мојата супа!
- Не се секирајте,пајакот од лебот ќе ја улови

6.
Две плавуши разговараат: Абе знаеш каде е Африка?
Незнам точно ама изгледан не е далеку, во фирмата на мажот ми работи еден црнец и секој ден на работа доаѓа со точак, па би требало да е блиску.

7.
Разговараат две плавуши, едната и вика на другата: Вчера направив тест за бременост!
Другата уплашено и вика: Леле, и тешки беа прашањата?

петак, 20. јул 2012.

ВИЦОВИ - 11


1.
Малиот Трпе и вика на Трпана:
- Мамо, мамо, имам добра и лоша вест!
- Ајде сине прво добрата.
- Добив 5 по физика.
- Конечно, ајде сега лошата.
- Лажам!

2.
Разговараат две жени.
- Ти уствари колку години имаше?
- 25!
- Е ај не ме лажи, лани ми кажа исто дека имаш 25!
- Е јас не сум од оние кои еднаш велат едно, после друго!

 
3.
Некои две баби секој ден биле на болница. Ама еден ден едната баба оди на болница и гледа дека и ја нема другарката и се исшокирала и прашта до кај неа да види што е работата. Оди до кај неа и ја гледа и ја прашува:
- ''Добро мори Трајанке оти не беше денеска на болница?''
- "Ќути нешто не ми беше арно" и вика другата...

4.
- Море мажу, ми вети ќе се вратиш во 10, а сега е 1 по полноќ ...
- Па 10 е мори жено .... ?!?!?!?!
- Како да не, сатот сега одчука 1...
- Е па шо сакаш, и нулата да ти ја одчука ?

5.
Трпе се враќа дома весел.
- Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
- Браво, а на која фирма?
- На Цементара.

6.
Биле Мујо и Хасо во некој хотел и преку ноќ комарците ги направиле лом. Се пожалиле тие на рецепција, а овие ги прашале дали ги оставиле светлата запалени.
- Да, рекол Мујо
- Епа требаше да ги изгаснете!
Следната вечер легнале Мујо и Хасо и ете ти неколку светулки во собата. Мујо свикал:
- Да бегаме Хасо, еве ги идат со батерии!

7.
Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти
ќе му испуни жељу.И кумановац кажаја :
- Ауди Q7
- Сакаш на кредит или на лизинг ?
- А ти сакаш на зејтин или на маст?

ВИЦОВИ - 10


1.
Татко му го прашува Перица:
Ги знаеше ли сите прашања на тестот?
Ги знаев! – одговорил Перица.
А, како тоа си добил кец?
Па не ги знаев одговорите!

2.
Се сретнале Трајче и Панче
- Кај си бе ? Шо има ново ?
- Абе отидов до лотаријата и земав грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата!
- Стварно?
- Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.

3.
Човек сака да изнајми стан, приметил некои валканици на ѕидот и прашува:
Од што е извалкан ѕидот?
Па овде живееше еден хемичар и правеше екстрмни експерименти.
Аха значи ова се некои хемикалии?
Не! Тоа е ХЕМИЧАРОТ !!!

4.
Го прашуваат Цветко:
- Замисли дека си во џунгла и до тебе има тигар
кој сака да те изеде, што би направил?
- Би престанал да замислувам.

 
5.
Таткото го заспива својот син:
-Мирно спиј злато за ништо не грижи се,
ако во текот на ноќта ти притреба нешто,
само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.

6.
Википедија: Јас знам се!
Гугл: Јас пронаоѓам се!
Интернет: Без мене не можете!
Струја: Навистина?!

7.
Корисник се јавува на сервисерот за компјутери и му го кажува проблемот.
Сервисерот - А, имаш ли икони на десктопот?
Корисникот - Да!
Сервисерот - Е, па моли се.