уторак, 15. јул 2014.

ВИЦОВИ - 67



1.  Сакам да се разведам од жена ми!
-Зошто?
-Па ме годи со тенџериња и тави!!!!
-Па од кога тоа?
-Од пред 15години...
-А зошто досега не се разведивте?
-Па сега почна да погодува!!!

2.   Влегува жена во салон за теписи и продавачката и вели:
- Повелете!
Жената:
- Дали имате некој поиздржливи теписи за во детска соба?
- Колку деца имате?
- 5
- Госпоѓо јас ви препорачувам да ја асфалтирате собата..

3.   Отишла некоја гола жена во кафич, седнала на шанкот и му порачала на келнерот една кока кола. Келнерот и донел кока кола, но погледот од неа никако да го тргне. Девојката ја испила и повторно нарачала. Келнерот повторно донел, но погледот никако да го тргне од неа. Девојката се напила од втората кока кола и по некое време му се обратила на келнерот:
- Добро бе дебил еден, немаш ли видено гола жена?
- Сум видел...
- Не си видел гола жена...признај...
- Абе сум видел...
- Епа што ме гледаш тогаш, а?
- Те гледам и се чудам од каде ќе извадиш пари за да ми платиш.

4.   Зборуваат две плавуши. Прва вика:
- Доктор ми кажа наредна недела да живеам само на јаболки.
Оваа друга: - А што ако паднеш?

5.  Двајца старци седат на клупа во парк.
- Перо, што читаш бе?
- Не знам - одговорил другиот.
- Па како, нели читаш на глас, бе?
- Е да, ама оглувев, ништо не слушам.

6.  Старец седел во паркот. Покрај него поминала млада и убава жена со кратко здолниште. Дедото и рекол:
- Имате дупка на чорапот.
Таа се огледала и откако видела дека нема, му се развикала:
- Како не ви е срам? Нема никаква дупка!
- Да немаше дупка, како ќе го облечевте?

7.  Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
- Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
Лавот ја прашува:
- Жабо, што чекаш ти?
- Па,тогаш да се расчеречам!

Нема коментара:

Постави коментар