понедељак, 5. јануар 2015.

ВИЦОВИ - 88



1. Трпе и Трпана разговараат:
- Драга, знам дека не ти се иди во театар во стар фустан.
- Баш убаво што се сети на тоа, драги.
- Да, затоа зедов само една карта.

2. Си биле две плавуши и едната ја прашува другата:
- Како помина на првата брачна ноќ?
- Никако!! Мажот цела ноќ ми збореше за Перикле и Аристотел.
И ја му одговорив: Џабе зборуваш, јас не се разбирам во фудбал!

3. Се заљубиле козата и полжавот и козата му вика на полжавот:
- Толку те сакам што сакам да се омажам за тебе
А полжавот на тоа рекол:
- Признај,  дека ме сакаш само поради куќата
.

4. Виси некуј пијан до огледалото и сам си дума:
-Тука сам јас, јале ме и там, и там сам…
По некое време звони некуј на вратата, и пита:
-Кој ее?
-Јас сам! (жена му)
-Хаа и там сам бил јас!

5. Се побуниле животните од зоолошката поради лошите услови за живеење. И нормало отишле пред парламентот да штрајкуваат. Влегува лавот како цар на животните да преговара. Излегува после 10 минути нервозен бидејќи никој не го есапел. После него влегла лисицата. И таа ништо не направила.После неа и волкот но пак исто се случило. Сега се понудило магарето да влезе, да проба и тоа да преговара.  Ете го излегува магарето за 5 минути, целото накезено:
- Момци завршив работа, сите услови ни ги прифатија, не сум знаел колку школски другари сум имал тука!

6. Под бандера навечер Трпе бара нешто. Доаѓа Кире и прашува:
- Што бараш бе?
- Клучот. Помагај ако сакаш.
Барале двајцата 15 мин. и на крај Кире прашува:
- Добро бе, кај точно го изгуби?
- Еее, онаму.
- Па што не го бараш таму?
- Нема светло таму.

7. Влегува пијаница во такси и вика:
- Вози на железничка станица.
- Па, веќе сме на железничка станица.
- Еве ти пари и друг пат немој толку брзо да возиш.

ВИЦОВИ - 87



1. Малиот Трпе му вика на татко му:
- Тато, не можам да одам денес на школо.
- Зошто?
- Не се чувствувам убаво.
- Каде не се чувствуваш убаво?
- На школо.

2. Се караат двајца ќелави:
- Ти си поќелав од мене!
- Па како кога ти немаш ниту едно влакно на главата?
- Па така, ти имаш поголема глава!

3. На една плажа охриѓанец продава сладолед.  Доаѓа женска сосема гола и му нарачува сладолед во корнет. Но охриѓанецот се загледал во неа, па не трепка:
 - Што е, што зјапаш? – го прашала подналутено женската.
- Ма не те гледам јас тебе, туку гледам од каде ќе ги извадиш парите за да ми платиш.

4. Седи Мујо покрај река и вика:
- Нема логика! Нема логика!
Поминува Хасо и го прашува:
- Што нема логика?
- Нема логика! Тулата е правоаголна а, а кога ќе ја фрлам во вода, се создаваат кругови!

5. Поштарот и носи писмо на една бабичка и и вели:
- Бабичке, еве стигна писмо од Америка со авион!
- Не лажи, те видов јас, дојде со мотор.

6. Разговараат две невести.
- Слушнав си се омажила за боксер. Среќна си со него?
- Супер е, а и не е досаден.
- Како тоа?
- Кога и да се врати дома секогаш изгледа поинаку.

7. Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
- Како изгледаше човекот?
- Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

ВИЦОВИ - 86



1. Татко и син гледаат ТВ кога одеднаш ѕвони некој на врата. Синот станал да отвори, и му вика на татко му:
- Татооо, овде има еден човек кој бара донација за новиот аква парк.
Таткото:
- Е добро де, наполни една кофа со вода и дај му ја.

2. Кој ќе jaди?
- ЈАС!
- Кој ќе cпие?
- ЈАС!
- Кој ќе седи на фејсбук?
- JAС!
- Кој ќе учи?
- Е да бе, се' јас.

3. Жената оди на психијатар:
- Докторе, мојот маж полуде.
Не ми дозволува да правам палачинки!
- Тоа навистина е чудно. Јас на пример ги обожавам.
- Тогаш морате да ми дојдете на гости.
Имам три ормани полни со палачинки!

4. Си биле две палачинки и си оделе по патот и виделе една пица, и едната и рекла на другата:
- Еј види ја онаа како се нашминкала.

5. Се шетале две крофни по улица и сретнале една палачинка. Едната крофна и рекла на другата: - Види ја женскава, 100% била на фитнес.

6. Малата Мими се прибира од училиште и вели:
- Мамо, денес на големиот одмор Перица ме бакна во устата!
Мајката налутена, но и изненадена, ја прашува:
- И како се случи тоа?
- Не беше лесно, но три другарки ми помогнаа да го држиме.

7. Влегла ќерката во бањата да се тушира, а мобилниот и се растурил од ѕвонење. Татко и неможејќи да ја трпи веќе музиката, решил да се јави на нејзиниот телефон. Уште пред да се претстави, слуша глас:
- Како си жапче?
- Жапчето скокна во водата. Овде е сопственикот на мочуриштето.