1. Во лудница, некој лудак си седнал на
страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
- Што пишуваш?
- Љубовно писмо.
- На кого?
- На сам себе.
- И што пишува во него?
- Немам поим, сеуште не сум го добил.
2. Се враќа Трпе дома, влегува во
спалната и ја гледа Трпана со швалер во кревет. Швалерот одеднаш скокнал,
набрзина си ги собрал алиштата и ја летнал низ врата. Трпе разочарано и вели на
Трпана:
- Аман мори Трпано, кај го најде овој некултурен, ни мене здраво, ни тебе
фала.
3. Маж чита статија за
убава актерка која се омажила за неинтелигентен боксер кој често запаѓал во
неволји. Мажот ѝ се обраќа на сопруга си:
– Не можам да разберам како најголемите кретени ги добиваат најубавите жени.
– Благодарам за комплиментот.
4. Разговараат две
плавуши:
- Да видиш што сум открила, ја гледаш онаа коцка на ѕидот? Притисни ја. (се
пали светло).
- Како си открила такво нешто, то е феноменално откритие.
- Ма не тоа, притисни пак (се гаси светлото).
- Па каде исчезна?
- Е тоа сум открила. Го отвора фрижидерот и вели:
- Еве го овде.
5. Плавуша седнува во
турски ресторан и келнерот ја прашува:
- Како го пиеш кафето?
А оваа му одговорила:
- Со уста.
6.
- Докторе помагај, жена ми крена
температура!
- А висока ли е многу?
- Не бе, метар и шеесет.
7. - Омажи се за мене!!!!
- Ама јас не знам да готвам, перам, пеглам.
- Мене не ми треба слугинка, мене ми треба жена!
И така умреле од глад..
Нема коментара:
Постави коментар