понедељак, 10. фебруар 2014.

ВИЦОВИ 58



1. Трпе,ај да ти се пофалам,научив да зборувам германски!
- Стварно бе? Дај кажи нешто.
- Good morning!
- Абе не ме зафркавај,тоа на англиски е!
- Охоооо,и англиски сум знаел! 

2. Двајца пријатели разговараат:
- Што значи да те чеша носот?
- Мислам дека ќе се караш со некого.
- А ако те чеша раката?
- Зависи која. Или ќе земаш или ќе даваш пари.
- А левата нога?
- Абе пријателе, ти колку време не си капен?

3. Оди плавуша во аптека и вика:
- Имате ли тест за бременост?
- Имаме.
- А тешки ли се прашањата?

4. Оди плавуша по улица и сретнува некоја жена, па и вика:
- Боже, Тања, ти ли си? Леле колку си се променила од средно, едвај те познав.
- Ама, јас не се викам Тања.
- Кул, дури и името си го сменила.

5. Жена и се жали на својата пријателка:
- Маж ми е одвратен, постојано зборува за својата мајка- мама ова, мама она, мама така готви, на мама она и се допаѓа...
Вечерта мажот си оди дома од работа, жената го чека во црна танга, црн градник, црни ракавици.
Мажот кога ја видел извикал:
Боже, целата си во црно! Да не и се случи нешто на мама?

6. Трпана оди на доктор и му вика:
- Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
- Па едно 4 ипол метра.
- Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!

7. Ја запира полицаец плавуша и и вика:
- Ве молам името да ми го дадете.
И плавушата:
- Аааа ами како ќе се викам јас после?

Нема коментара:

Постави коментар