субота, 8. фебруар 2014.

ВИЦОВИ 54


1. Јавља се кумановац у белградски хотел
..ало Сања ми треа.
Сања је моментално на ручку
...ааааа епа ај кажи ву кд ке се симне од ручку нека ми се јави.


2. Доаѓа плавуша на бензинска со автомобилот да стави бензин и овој дечково и вели:
- Сакате 95 или 98?
и плавушава му вели:
- А што, од оваа година немате? 


3. Си доаѓа мажот камен пијан,жената му плеснува еден шамар и му вика: 
- Ќе пиеш ли уште!?
Мажот ќути. Жената пак му плеснува шамар и му вика:
- Ќе пиеш ли уште!?
Мажот пак ќути. И по трет пат му плеска шамар и му вика :
- Ќе пиеш ли уште бе!?
- Добро бе, дај стави уште една чашка ко си запнала. 


4. Плавуша му кажува на сопругот дека сака да посвои тримесечно бебе од Англија. Сопругот ја прашува: 
- Што ќе правиш со него ?? 
- Па кога ќе почне да зборува, од него ќе учам англиски.


5. За половина час ќе седнете на електрично столче.
Имате ли последна желба?
- Да. Исклучете ја струјата.


6.Трпе и Трпана отишле кај на Трпана мајката на гости. Бабата ги послужила со мезе и по некое време му вика на Трпе: 
- Трпе, мези! 
- Мезам, бабо, мезам! 
После некое време бабава пак: 
- Трпе, мези! 
- Мезам, бабо, мезам. 
После минута бабава пак: 
- Трпе, мези! 
- Мезам, бабо, мезам! 
А бабата на тоа му враќа: 
- Е не мезиш, јајш!



7. Бринета, црвенокоса и плавуша пијани со автомобил се враќале дома. Направиле сообраќајна несреќа и сега стојат пред портите на Свети Петар.
Прва оди бринетата:
- Во оваа книга се запишани сите твои гревови. Гледаш ли колку е голема. Тоа е затоа што многу си грешела. Ќе те пуштам во рајот само ако го издржиш ударот со оваа книга по глава. Ако не го издржиш ќе одиш во пеколот. Такви се правилата.
- Бринетата ја наместува главата, Свети Петар ја зема книгата и ја треска силно. Бринетата паѓа, одвај се исправа на нозе и влегува во рајот.
Оди црвенокосата. Се слуша јак удар. Влегува во рајот лазејќи, таму ја дочекува бринетата се погледнуваат и си велат:
- Нема шанси да издржи!
Оди плавушата. Некое време владее тишина и на крај влегува плавушата во рајот без никаква повреда.
Бринетата и црвенокосата прашуваат:
- Што се случи? Нели Свети Петар те удри со книгата со твоите гревови по главата?
- ХА ХА! Не можеше да ја крене!

Нема коментара:

Постави коментар